Втора лигаФудбал

Тетекс е есенски шампион во Трета лига – Запад: Славчо Мисајловски најмлад дебитант за „штофарите“

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс | АРХИВА
Сподели

Екипата на Теткес стана есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Запад, откако со 12 одиграни натпревари забележа десет победи и две ремија со вкупно 32 бодови на своето конто за прво место во есенскиот дел.

Најблсику до Тетекс заврши Влазерими, екипа која две година во низа е шампион во овој третолигашки регион, но не успева да ги помине баражите. Кичевскиот тим е на второто место со 28 бодови, но има меч помалку во однос на тетовскиот тим.

„Штофарите“ минатата сезона испаднаа од Втора лига и сега сакаат експресно да се вратат во Втората лига.

На последниот меч одигран во есенскиот дел Тетекс со минимални 1:0 ја доби Речица, а на овој меч Славчо Мисајловски стана најмладиот дебитат за Тетекс, кој со 16 години и два дена се впиша во историјата на „штофарите“.

ДОБИВАЈТЕ ВЕСТИ НА ТЕЛЕГРАМ

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!