Втора лигаФудбал

Второлигашот Камјани се засили со Веби Ислами кој доаѓа на позајмица

Сподели
Сподели

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Камјани се засили со Веби Ислами, кој доаѓа како позајмен фудбалер од редовите на прволигашот Струга Трим Лум.

Минатата сезона Ислами настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Кожуф од Гевгелија, а во сезона 2026/2027 ќе го носи дресот на Камјани.

Ислами кариерата ја започна во тетовска Шкендија, а потоа премина во редовите на Струга Трим Лум, од каде минатата сезона настапуваше како позајмен играч во второлигашот од Гевгелија.

Од новиот второлигаш посочуваат дека овој трансфер е уште еден доказ за амбициите да се изгради конкурентен тим, кој достоинствено ќе го претставува клубот во Втора лига.



Инаку, новата сезона во ВМФЛ стартува на 15 август, а во рамки на првото воведно коло Камјани ќе гостува во Битола кај ланскиот прволигаш Пелистер.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!