Вечерва на Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“ публиката уживаше во три одлични натпревари на кои имаше голем број на погодоци.
На првиот меч Христмил Банско со 7:2 славеше висока победа над Чореви Транс, каде Андреј Јаневски постигна хет-трик, Мики Митров беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Никола Анчевски и Стефан Благоевски. За тимот на Чореви Транс стрелаа Јован Дрвошанов и Христијан Тимов.
Во доминирачки натпревар екипата на Вистони ЖП ја совлада екипата на Нашето Мало со убедливи 8:0. Стрелците за победничкиот тим беа Александар Черкезов со хет-трик, Столе Иванов со еден гол, а пак Васко Трајков и Васко Коцев, кои постигнаа по два гола.
Екипата на Вистони ЖП покажа фантастична форма, демонстрирајќи врвен тимски дух и ефикасност во нападот. Сепак, одбраната беше солидна и не дозволи ниту една шанса за противникот да се врати во игра.
На третиот меч Дрвош со 8:1 славеше висока победа над Еро Градба, каде за победничкиот тим кој беше одличен вечерва Александар Коцев постигна пет гола, двоен стрелец беше Ѓоргиев Аце, а еден гол постигна Бранко Василев, за поразениот тим стрелец беше Озал Амедов.
Утре на програмата се три натпревари. Од 19 часот СВР Струмица ќе игра против Фурна Марфи, еден час подоцна Баламов Компани со Баджо Компанија, а пак од 21 часот Баламов Компани со втор меч против Куклиш.
БИДЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТЕЛЕГРАМ КАНАЛ – СПОРТСКА МРЕЖА: ДЕБАТА ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ
Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.
Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.