Младински фудбалФудбал

Брера Струмица е есенски шампион во Младинската Суперлига – Ѓоко Спасов најдобар стрелец!

Сподели
Сподели

Брера Струмица е есенски шампион во Младинската Суперлига откако во есенскиот дел забележа осум победи, две ремија и еден пораз, со вкупно 26 бодови е на врвот од табелата.

Струмичани го имаат најефикасниот напад кој реализираше 38 погодоци, но струмичани ја имаат и најдобрата одбрана која примила само шест погодоци.

Одлична есенска полусезона со младите фудбалери на Брера Струмица кои домираат во младинската Суперлига, а дополнително го имаат и најдобриот стрелец, Ѓоко Спасов постигна десет погодоци и се израмни на врвот од листата на најдобри стрелци заедно со Бранимир Иванов од Брегалница и Веби Ислами од Шкендија.

    • ЛИСТА НА НАЈДОБРИТЕ СТРЕЛЦИ ВО МЛАДИНСКАТА СУПЕРЛИГА:

10 голови
Иванов Бранимир (ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД)
Ислами Веби (ФК ШКЕНДИЈА АД)
Спасов Ѓоко (ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД)
9 голови
Беровиќ Омар (ФК РАБОТНИЧКИ АД)
7 голови
Куртиш Муадх (ФК ШКУПИ-1927 АД)
Николов Лука (ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД)
6 голови
Затуроски Бојан (ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС)
Кузмановски Бобан (ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД)
5 голови
Зибери Алтин (ФК ШКЕНДИЈА АД)
Рочи Флориан (ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД)
Шефити Мухамед (ФК ШКЕНДИЈА АД)
4 голови
Арифи Салим (ФК ПОБЕДА АД)
Етеми Аљман (ФК ШКУПИ-1927 АД)
Лефковски Давор (ФК ВАРДАР АД)
Муслии Албион (ФК ШКЕНДИЈА АД)
Ристов Игор (ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД)

На последниот есенски натпревар екипата на Брера Струмица која е предводена од Ѓорѓе Стојчев со 0:3 го декласираше Њу Старс во Ѓорче, во меч каде Бобан Кузмановски беше двоен стрелец во првиот дел за 0:2, а Мартин Ѓорѓиев погоди во 76. минута за конечни 0:3.


Во пролетниот дел Брера Струмица ќе атакува на сочувување на првото место и со тоа да го подигне шампионскиот пехар. На второто место есенската полусезона ја заврши Работнички со 23 бодови, а пак Пелистер е трет со 20 бодови.

        • ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ВО МЛАДИНСКАТА СУПЕРЛИГА:
      Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
      1 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 11 8 2 1 38 6 +32 26
      2 ФК РАБОТНИЧКИ АД 11 7 2 2 23 7 +16 23
      3 ФК ПЕЛИСТЕР АД 11 5 5 1 21 13 +8 20
      4 ФК ШКЕНДИЈА АД 11 5 2 4 32 21 +11 17
      5 ФК ВАРДАР АД 11 5 2 4 17 10 +7 17
      6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 5 2 4 19 18 +1 17
      7 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 10 5 0 5 16 16 0 15
      8 ФК ШКУПИ-1927 АД 10 3 5 2 18 14 +4 14
      9 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 4 2 5 28 26 +2 14
      10 ФК ЊУ СТАРС 11 3 2 6 15 20 -5 11
      11 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 2 2 7 8 25 -17 8
      12 ФК ПОБЕДА АД 11 0 0 11 7 66 -59 0

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото зимско засилување – се работи за искусниот Владимир Жоглев кој пристига...

Ракомет

Николовски и Металари ќе го судат ,,вечното” дерби во Битола, Митревски и Тодоровски ќе судат во Куманово

Битола повторно се подготвува за ракометен спектакл – второто „вечно“ дерби оваа сезона – Еурофарм Пелистер и Вардар 1961 во ,, Боро Чурлевски”....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкендија Арачиново со прво зимско засилување – пристигна Владимир Жоглев

Второлигашот Шкендија од Арачиново за вториот дел од сезоната го претстави првото...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Како ќе се засилуваат второлигашите во зимскиот преоден рок?

Македонските второлигаши заминуваат на заслужен одмор, останува уште мечот во Радовиш меѓу...

ФудбалФутсал

Железарец непоразен лидер, Каршиака се проби до второто место, Карадаку без бодови

По седум одиграни кола во Втората футсал лига ланскиот прволигаш Железарец е...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!