Втора лигаФудбал

Започнаа работите за новата трибина на стадионот Билјанини извори во Охрид

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија направи уште еден значаен чекор во подобрувањето на спортската инфраструктура, со започнување на изградбата на новата јужна трибина на стадионот „Билјанини Извори“ во Охрид. Новата трибина ќе има капацитет од 3.500 седишта и ќе вклучува современи содржини како осум скај-боксови за ВИП зони, медиумски центар и други простории според меѓународни стандарди.

На свеченоста за отпочнување на работите присуствуваа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, членовите на Управниот Одбор на ФФМ, Тони Иваноски и Џевад Дибрани, како и претседателот на Општинскиот Фудбалски Сојуз на Охрид, Цане Милошоски.

“Горди сме што инвестираме во проект кој не само што ја подобрува инфраструктурата за фудбал, туку и му овозможува на Охрид да добие модерен објект од меѓународен ранг. Новата трибина, заедно со постојната, го исполнува нашиот ангажман за стадионот во Охрид. По завршувањето на оваа трибина, Општина Охрид ќе ги изгради двете трибини зад головите и ќе го постави осветлувањето, со што стадионот ќе се трансформира во модерен објект подготвен за меѓународни натпревари, вклучувајќи ги и оние на нашата репрезентација. Со туристичките капацитети и близината до аеродромот, Охрид има потенцијал да стане значајна фудбалска дестинација покрај туристичката. Благодарност до УЕФА за поддршката и до Општината за соработката во овој голем проект”, рече претседателот Муамед Сејдини.

ФОТО: ФФМ

Изградбата на новата трибина претставува значаен чекор кон реализирање на визијата за модерна спортска инфраструктура во Охрид, обезбедувајќи подобри услови за играчите, навивачите и организацијата на меѓународни настани.

ФОТО: ФФМ
Сподели

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!