Шкендија Арачиново како на тренинг меч лесно стигна до триумф од убедливи 6:1 над екипата на Аеродром, во воведниот меч на 13. коло од Третата македонска фудбалска лига – Север.
Победата беше најавена уште во првиот дел кога фаворитот и лидер имаше 3:0 на полувреме преку Еркан Шаип, Бујар Иљази и Фатмир Ариф.
Во вториот дел Артан Чилафи си даде автогол, резултатот беше 3:1, а потоа Џавид Мамути, Шуајб Алити и Аљмир Цаколи ги поставија конечните 6:1.
Денес БВК Коњаре ќе игра проти Башкими Љуботен, Куманово против Њу Старс, Пчиња ја пречекува Академија Илинден, Кадино на соочување со Ржаничоно, Еуромилк ГЛ ќе биде домаќин на Беса Влазрими, а пак Риниа на Фортуна.