Ракомет

Ѓорѓески: Изигравме еден добар натпревар, особено во нападот

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 14.коло од Суперлигата, ракометарите на Охрид забележаа висока и убедлива победа од 38:28 над Прилеп во меч каде охридските гладијатори беа фаворити. Гостите се обидоа и до некаде успеваа да парираат, но потоа Охрид го презеде водството.

Голманот на Охрид, Даниел Ѓорѓески за Спортска Мрежа изјави дека одиграле квалитетен меч против добрата екипа на Прилеп.

,,Мислам дека изигравме еден добар натпревар, особено во нападот- дадовме 38 гола, игравме борбено. Прилеп е една добра екипа, која се бори за влез во плеј оф и сепак не беше лесен натпревар како што изгледа на крајот. Меѓутоа извојувавме победа од 10 разлика и сакам да им честитам на моите момци за оваа победа”, рече Ѓорѓески за Спортска Мрежа.

Голманот на Охрид вели дека им следи тешко гостување во Кавадарци, а потоа и “езерското дерби” со Струга на домашен терен.

 ,,Нас ни преостануваат уште два меча до крајот на полусезоната- едно тешко гостување во Кавадарци, каде што ќе дадеме сè од себе да ги освоиме и тие бодови, и после тоа езерското дерби со Струга на крај дерби исто така тежок натпреварџ но имаме сили, имаме квалитет да извојуваме победа на двата натпревари и да завршиме само со победи до крајот на оваа полусезона”, додаде голманот.

Во следното коло Охрид игра на гостински терен со Тиквеш, додека пак Прилеп игра со Алкалоид.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Ракомет

Натпреварот Вардар – Бутел е поместен за понеделник

Натпреварот меѓу Вардар и Бутел Скопје, наместо викендов, ќе се одигра во...

Ракомет

Пелистер убедлив во Прилеп, Кузмановски со девет гола ги предводеше битолчани

Еурофарм Пелистер продолжува сигурно да чекори низ Суперлигата. Битолчани без поголеми проблеми...

Ракомет

Бутел ја испушти победата во Хрватска, Горица се спаси со пресврт во финишот  

Ракометарите на Бутел Скопје пропуштија можност за позитивен резултат на гостувањето кај...

Ракомет

Алкалоид со сигурен чекор кон следната рунда, Ферлах падна во „Автокоманда“!

Ракометарите на Алкалоид на најдобар начин ја започнаа европската авантура, откако на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!