Натпреварот меѓу Беласица и Македонија ЃП ќе започне со 30-минутно задоцнување поради проблеми со теренот, кој е преполн со вода поради обилните врнежи.
Во тек е отстранување на водата од теренот за да се овозможат подобри услови за игра, но времето не оди во прилог, бидејќи дождот во Струмица повторно почна да паѓа.