Втора лигаФудбал

Македонија ЃП е есенски шампион, Брегалница загуби од Башкими, дебакл на Борец и Вардар Неготино, славје за Вардарски!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 15. коло на Втората лига со што заврши есенската полусезона, а есенски шампион е екипата на Македонија ЃП.

„Лавовите“ денес на стадионот „Благој Истатов“ се соочија со Беласица, во меч каде ланскиот прволигаш со 0:4 прослави висока победа. Симеон Христов постигна два брзи гола во првиот дел за 0:2 на полувреме, во вториот дел Крсте Велкоски постигна гол од белата точка за 0:3, а пак Марио Станковски ги постави конечните 0:4.

Дерби од горниот дел на табелата се играше во Куманово каде Башкими и Брегалница се соочи меѓусебно во трката за место во Првата лига. Во меч каде Башкими преку Хамза и Демири дојде до 2:0, а пак Калпачки постигна гол за 2:1.

Арсими како фаворит на домашен терен го пречека Вардар од Неготино и го декласираше со превисоки 5:1. Аљбин Рамадани постигна хет-трик за домашниот тим, а пак по еден гол постигнаа Шефити и Беќири, за гостинот погоди Ќазимов.

Охрид на „Билјанини Извори“ како голем фаворит играше против Борец од Велес каде охриѓани го „здробија“ велешкиот тим со 4:1. Дишлиевски беше двоен стрелец, а по еден гол постигаа Дуков и Димоски, за Борец гол даде Костадиновски.

Во Богданци се одигра дуелниот од долниот дел на табелата меѓу Вардарски и Осогово каде „фенерџијата“ кој остана без тренер по заминување на Ѓоре Јовановски, дојде до прво славје и тоа без тренер. Вардарски со 2:1 славеше над кочанските „жетвари“, откако Радевски и Баламов беа стрелци за Вардарски, а пак Бејков си постигна автогол.

Во Прилеп екипата на Победа го пречека Детонит Плачковица каде немаше погодоци 0:0 за поделба на бодовите.

Каменица Саса во страшно силна форма на домашен терен се соочи со екс прволигашот Скопје каде на 1:1 натпреварот беше прекинат, за што објавуваме дополнителен прилог на Спортска Мрежа за овој меч.

Новаци против Кожуф на домашен терен ги подели бодовите играјќи 0:0.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!