Фудбал

Александар Максимов со авторско дело: „Играта зад играта“ носи поинаков поглед кон модерниот фудбал

Сподели
Сподели



Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Александар Максимов ја промовираше својата авторска книга „Играта Зад Играта (The Game Behind The Game)“, проект кој претставува ментален framework посветен на психолошката и професионалната страна на современиот фудбал.

Станува збор за дело кое е насочено кон реалните барања на елитното ниво, а во кое посебен акцент е ставен на менталитетот, дисциплината, притисокот, лидерството, идентитетот и секојдневните стандарди во модерниот фудбал.

Книгата не е замислена како класична мотивациска литература, туку како практичен и реален приказ за тоа што навистина е потребно за напредок, конзистентност и професионален развој на еден фудбалер.

PDF верзијата веќе е достапна, додека во наредниот период се очекува и hardcover издание кое ќе биде наменето за фудбалери, тренери, академии, родители и сите што се дел од развојниот процес во спортот.

Во изјава за Спортска Мрежа, Максимов детално говореше за идејата и процесот зад создавањето на книгата.

„Проектот е создаден како резултат на долгогодишно искуство низ различни фудбалски средини, култури и системи на работа — преку играње во Австрија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Италија и Македонија, како и тренерска работа во Грција.

Покрај практичното искуство од теренот, големо влијание во создавањето на овој проект имаа и бројни разговори, анализи и учење од луѓе кои работат и функционираат на високо професионално ниво — во фудбалот, психологијата, лидерството и личниот развој.“

Максимов потенцира дека токму тие искуства помогнале да се создаде поширока слика за развојот на еден модерен фудбалер, не само од технички и тактички аспект, туку и од човечки и ментален агол.

„Сите тие искуства помогнаа да се изгради поширока перспектива за тоа што навистина значи развој на еден модерен фудбалер — не само технички и тактички, туку и ментално, професионално и човечки.

Од таа визија произлезе и авторската книга „Играта зад Играта“ — ментална рамка (mental framework) за фудбалери и тренери, базирана на реални искуства, приказни, принципи, психологија и начинот на размислување што стои зад професионалниот фудбал.“



Тренерот смета дека најголемата вредност на книгата е тоа што на младите им ја прикажува реалната страна на патот кон успехот, далеку од рефлекторите и краткорочната мотивација.

„Целта на книгата е да им помогне на младите играчи, тренери и амбициозни луѓе да добијат пореална слика за патот кон успехот и да разберат дека најважните работи често се случуваат далеку од рефлекторите — во дисциплината, карактерот, секојдневните навики и менталитетот.

Книгата моментално е достапна на македонски и англиски јазик во PDF формат, додека професионален превод на српски јазик е во подготовка. Печатеното издание се очекува во јуни.“

Со ова дело, Александар Максимов носи поинаков и подлабок пристап кон фудбалот, отворајќи теми кои сè почесто се сметаат за клучни во развојот на модерните спортисти и професионалци.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Кошарка

(ФОТО) Историски трофеј за Крива Паланка: Шампионките го освоија Суперкупот со 63:51 против Баскет Кам

Крива Паланка испиша нова страница во историјата на клубот, откако за првпат го освои женскиот Суперкуп „Драган Василов – Цевка“. Актуелниот шампион во...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа против Истатов, Панеска беше стрелец на пет гола

Тиверија Брера експресно се врати на победничките патеки, откако на домашен терен...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Нова победа на амбициозниот Илинден, триумф над Башкими Љуботен

Амбициозниот третолигаш Илинден продолжува да нижи победи, но и да ги полни...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Влазерими со нова победа, совладан Крошу Спорт во меч со пет гола

Кичевски Влазерими Јуниор продолжува да нижи победи во Трета лига регион 5,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!