Кошарка

Познати се четвртфиналистите во М16 лигата-жени

Сподели
Сподели

По одигрувањето на натпреварите од регуларниот дел во двете натпреварувачки групи, познати се и осумте екипи-учесници во вториот дел од М16 лигата-жени.

Пласман во четвртфиналето на плеј-офот обезбедија првопласираните четири екипи од групата „Исток“:

Пробаскет, Патриот 2016, Тим Арена и МЗТ Бела вода,

односно четирите најдобри од групата „Запад“:

Спорт тим, Вардар, Петровски и Струга 2009.

Согласно со пласманот, формирани се и четирите чегвртфинални двојки од кои победниците ќе се пласираат на завршниот турнир во оваа возрасна категорија.

Првите мечеви од четвртфиналето, кое се игра според принципот „подобар од три натпревари“, ќе се играат на 9. мај, на теренот на подобро пласираните екипи од регуларниот дел на натпреварувачката сезона.

Натпреварот број 2 во сериите за пласман на „Фајнал-фор“ турнирот е предвиден да се игра на 16. мај, а евентуалните трети мечеви, на 23.мај.

Финалниот турнир во М16 лигата-жени, ќе се игра на 30. и 31. мај.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – М16- ЖЕНИ

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

(1) Пробаскет – (4) Струга 2009

(1) Спорт тим – (4) МЗТ Бела вода

(2) Патриот 2016 – (3) Петровски

(2) Вардар – (3) Тим Арена

  • Во заградите се остварените пласмани од регуларниот дел на сезоната

Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
Кошарка

Двајца кошаркари на Скопје ја предводат листата на стрелци, Сила доминира под кошевите, а Говенс е крал на асистенциите!

По пет одиграни кола во МТЕЛ Суперлигата во машка конкуренција, индивидуалната статистика...

Кошарка

Гордон е прв стрелец, Мицева царува под кошевите, Адамовска најдобар асистент – кои кошаркарки доминираат во женската Прва лига?

По три одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата женска кошаркарска лига, индивидуалната...

Кошарка

МЗТ пред испит во Варшава: домашната победа треба да добие европско продолжение

Победата над Пелистер од 74:60 му донесе охрабрување на МЗТ Скопје, но...

Кошарка

Димитријевиќ со 14 поени и пет асистенции во големата победа на Арис над Панатинаикос

Ненад Димитријевиќ беше меѓу носителите на играта на Арис во победата над...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!