Прва лигаФудбал

Тиквеш ја прекина соработката со тренерот Борче Христов и неговите помошници Стојковски, Шиков и Левков

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Прволигашот Тиквеш од Кавадарци одлучни да направи голема чистка, откако по одржувањето на денешниот состанок на Акционерското друштво на ГФК Тиквеш, биле донесени неколку одлуки со кои се става крај на соработката со стручниот штаб.

Клубот го раскинува договорот со шефот на стручниот штаб, Борче Христов и неговите помошници Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков, а раскинат е договорот и со спортскиот директор Љупчо Трајковски.

Според соопштението, од утре целокупното раководење со клубот ќе го преземе сопственикот Цезар Браво, кој ќе го води Тиквеш до крајот на актуелната сезона. Од клубот потенцираат дека ќе продолжат да функционираат професионално и во интерес на навивачите, со фокус на стабилност и напредок.

„По одржување на денешниот состанок на Акционерското друштво на ГФК Тиквеш, се донесоа следните одлуки:

• Се раскинува договорот со шефот на стручниот штаб, Борче Христов.

• Се раскинуваат договорите со асистентите тренери: Трајче Стојковски, Ванче Шиков и Баже Левков.

• Се раскинува договорот со спортскиот директор, Љупчо Трајковски.

Од утре, целокупното раководење со клубот ќе го преземе сопственикот Цезер Браво, кој ќе раководи со клубот до крајот на актуелната сезона.

Клубот и понатаму ќе продолжи да функционира чесно, професионално и во интерес на сите љубители и поддржувачи на ГФК Тиквеш, со јасна цел – стабилност и напредок до крајот на сезоната.

Клубот им се заблагодарува на шефот на стручниот штаб, неговите асистенти, како и на Спортскиот Директор за нивниот ангажман и придонес во изминатиот период и им посакува многу успех во понатамошната кариера“, се вели во соопштението на клубот.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!