ФудбалФудбалска репрезентација

Андов: Не очекуваат два тешки натпревари, Црна Гора е квалитетен противник

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женската А репрезентација на Македонија од денеска во Скопје официјално ги започнува подготовките за двата контролни натпревари со селекцијата на Црна Гора.

Контролните натпревари помеѓу Македонија и Црна Гора ќе бидат одиграни на 30. ноември со почеток во 13. часот и  3. декември со почеток во 12. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”.

Селекторот на женската А репрезентација на Македонија, Александар Андов ги сподели своите очекувања пред двата тест натпревари со Црна Гора.

„Целта на овие два контролни натпревари со Црна Гора пред се е да го задржиме континуитетот, да се подобриме во одредени сегменти и да ги отстраниме слабите страни во нашата игра. Сакаме да бидеме во најдобра физичка и ментална состојба пред почетокот на циклусот на натпревари од Лигата на Нации. Имаме јасна визија и цел за наредната година, а тоа е освојување на првото место во нашата група од новото издание на Лигата на нации. Репрезентацијата на Црна Гора е квалитетен противник, кој одигра одличен двомеч против Финска во баражот. Имаме одиграно неколку натпревари против нив и секогаш резултатски биле поуспешни од нас. Но, тоа е минато, ние сме во фаза каде што градиме нова репрезентација која ќе биде конкурентнта и подготвена за секакакви предизвици. Претходните квалификации за пласман на ЕП беа успешни за нас, со оглед на тоа што до последниот меч бевме втори во групата и со победа ќе успеевме да влеземе во баражот, но нашето неискуство да играме под притисок си го направи своето. Можам да кажам дека од меч во меч растеме како тим, во континуитет има подобрување во нашата игра, се наоѓаме на вистинскиот пат. Имаме добра група во Лигата на нации. Косово и Летонија се сериозни репрезентации кои имаат голем напредок во нивната игра. Нема повеќе место за изговори. Имаме одлична и вистинска можност пред нас која треба да ја искористиме максимално. Сакаме да се покажеме во добро светло и до го освоиме конечно првото место во нашата група“, рече Андов.

Нашата најдобра женска репрезентација на 21. февруари против Косово на домашен терен го започнува настапот во новото, второ по ред издание на Лигата на Нации 2025 година.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!