Прва лигаФудбал

Неизвесна трка за титулата во Првата лига: Силекс сериозно конкурира, неизвесна трка и за опстанок!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

По 16 одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига веќе како да се одвојуваат екипите кои ќе конкурираат за титула, но и за излез во Европа.

Со по 33 бодови екипите на Силекс, Шкендија и Гоствар го делат врвот од табелата, Работнички е четврти со 31 бод, а пак актуелнито шампион Струга Трим Лум е на 5. место со 29 бодови. Овие екипи повеќе од јасно е дека ќе водат борба за титулата, но и за потребната „виза“ за излез во Европа.

Во средината од табелата или за висок пласман до петто место ќе бидат сите останати екипи. Брера Струмица со 19 бодови е на шесттото место и веќе прави бодовна разлика во однос на долниот дел од табелата. Шкупи е во многу лоша серија со резултат и заедно со Пелистер го дели седмото место со по 16 бодови. Беса останува на деветтата позиција со 16 бодови, додека пак во бараж зоната односно на делба на тоа 10 место се Вардар и Воска Спорт со по 12 бодови, на дното или во опасната зона е Тиквеш со 10 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ПРВА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК СИЛЕКС АД 16 10 3 3 26 8 +18 33
2 ФК ШКЕНДИЈА АД 16 9 6 1 29 12 +17 33
3 КФГ ГОСТИВАР АД 16 9 6 1 26 9 +17 33
4 ФК РАБОТНИЧКИ АД 16 8 7 1 20 7 +13 31
5 ФК СТРУГА-ТРИМ-ЛУМ АД 16 8 5 3 20 17 +3 29
6 ФК АП БРЕРА СТРУМИЦА АД 16 5 4 7 20 26 -6 19
7 ФК ШКУПИ- 1927 АД 16 4 4 8 22 24 -2 16
8 ФК ПЕЛИСТЕР АД 16 3 7 6 8 15 -7 16
9 ФК БЕСА 1976 АД 16 3 4 9 14 24 -10 13
10 ФК ВАРДАР АД 16 3 3 10 12 27 -15 12
11 ФК ВОСКА СПОРТ АД 16 2 6 8 15 31 -16 12
12 ГФК Тиквеш 1930 АД Кавадарци 16 1 7 8 4 16 -12 10

Викендот ќе се одиграат натпреварите од претпоследното 17-то есенско коло во Првата македонска фудбалска лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Вечерва четири нови дуели на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе има атрактивни соочувања!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ продолжува вечерва во Дебреште со нови четири натпревари, кои повторно носат интересни пресметки...

Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од Делчево го промовираше Владимир Дујовски како најново засилување. 30-годишниот играч за...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Трансфер “бомба” во Делчево: Третолигашот Брегалница се засили со Владимир Дујовски

Третолигашот Брегалница со капитално засилување за новата сезона, откако екс прволигашот од...

Прва лигаФудбал

Максимов: Шкендија можеби го има најдобриот тим во лигата, кај нас владее одлична атмосфера

Методи Максимов со гол се врати во Брегалница откако погоди против Арсими...

ИнтернационалциФудбал

Нема европска есен: Шкендија ремизираше со Хибернијан и заврши со европските настапи

Шкендија не успеа да направи пресврт и да го продолжи европскиот пат....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!