Ракомет

Алкалоид, ланскиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп, се приклучи на честитките за Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид се пласираше во финалето на ЕХФ Европскиот Куп, а поддршката продолжува да пристигнува од сите страни – меѓу кои и од актуелниот освојувач на трофејот, РК Алкалоид.

Клубот од Автокоманда, кој минатата сезона го освои ЕХФ Европскиот Куп, се приклучи на честитките за „гладијаторите“, потенцирајќи ја вредноста на овој успех за целиот македонски ракомет.

,,РК Алкалоид упатува честитки до ГРК Охрид за пласманот во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ! Трофејот и оваа година нека биде за клуб од Македонија!”- порачаа од РК Алкалоид.

Со пласманот на Охрид во финалето, Македонија повторно има свој претставник во завршницата на ова натпреварување – континуитет што говори за квалитетот и напредокот на домашната сцена. Минатата сезона Алкалоид го донесе европскиот трофеј, а сега Охрид има шанса да ја продолжи таа успешна приказна.

Охриѓани до финалето стигнаа по драматична полуфинална пресметка против Целје, каде по две израмнети средби, патникот беше решен преку пенали. Во финалето, македонскиот претставник ќе се соочи со унгарскиот тим Татабања.

Овој успех не е важен само за Охрид, туку и за целиот македонски ракомет – како потврда дека клубовите од нашата земја можат континуирано да бидат конкурентни на европско ниво и да создаваат резултати што обединуваат.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Шкендија му даде шест на Тетекс и се доближи на четири бода до Вардар

Шкендија го доби тетовското дерби против Тетекс со 6:0 во 11. коло на Младинската суперлига. Флори Илази промаши пенал во 9. минута, но...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Србија во Нови Сад. За...

Поврзани написи
Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

РакометРакометна репрезентација

Кадетите на Македонија со две проверки против младинската репрезентација

ЕХФ неделата ќе донесе меѓусебни дуели меѓу македонските кадетски и младински ракометари....

РакометРакометна репрезентација

ФОТО: Сè е подготвено за Луксембург – Македонија го одработи последниот тренинг!

Македонската машка ракометна репрезентација ги привршува подготовките за почетокот на квалификацискиот циклус...

Ракомет

Ројевиќ не ги заборава успесите со Војводина: Поранешниот клуб му посвети посебна порака!

Репрезентативната пауза донесе и средба со минатото за тренерот на ГРК Охрид,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!