Ракомет

Билјанини Извори ќе ,,врие”: Охрид со срце против Целје за финале!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Охрид се подготвува за еден од најважните натпревари во сезоната – реваншот од полуфиналето во ЕХФ Европскиот Куп против екипата на Целје.

ФОТО: ГРК Охрид

Интересот за натпреварот е огромен, а тоа го потврдува и фактот што билетите се распродадоа неколку дена однапред. СРЦ „Билјанини Извори“ ќе биде исполнета до последното место, со повеќе од 3.000 навивачи кои ќе создадат атмосфера достојна за европски спектакл и ќе бидат силна поддршка за домашниот тим.

ФОТО: ГРК Охрид

Првиот дуел во Словенија заврши со минимална победа на Целје од 27-26, што остава сè отворено пред реваншот. Охрид ќе има шанса пред своја публика да ја анулира негативата и да се избори за историски пласман во финалето.

Натпреварот е закажан за 2 мај со почеток од 18:00 часот, а салата веќе е распродадена – доказ дека градот живее за овој натпревар.

ФОТО: ГРК Охрид
ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: По 16 години ФК Лозар од Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија

По цели 16 години фудбалскиот клуб Демир Капија повторно на фудбалската карта на Македонија. Клубот во минатото се натпреваруваше и во Втората македонска...

ФудбалФутсал

ВИДЕО: Железарец со голем пораз се врати во елитата, висок пораз од Бутел

Поранешниот шампион на Македонија, Железарец, со пораз се врати во Првата футсал лига, откако на стартот од сезоната беше поразен со 4:1 од...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!