Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Гавриловиќ го објави списокот на одбојкарки за подготовките за Европската лига

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели

Новиот селектор на женската сениорска репрезентација во одбојка, Милош Гавриловиќ, го објави поширокиот список на одбојкарки кои ќе се појават на првата прозивка закажана за 13 мај во хотелот „Континентал“ во Скопје, со што официјално стартуваат подготовките за настапот во Европската лига 2026.

На списокот се наоѓаат вкупно 26 одбојкарки, меѓу кои дури девет дебитантки во А-селекцијата – сестрите Сара и Даниела Горбок, Кариа Трифуновска, Јована Каленикова, Матеа Сотировска, Стефанија Кипријановска, Андреа Митиќ, како и Софија Тенчева и Сара Димитриоска.

Од поискусните репрезентативки, поради приватни или работни обврски, ќе отсуствуваат Тамара Стојанова, Антонија Баталаковска и Ана Павлоска. Сепак, од стручниот штаб потенцираат дека на нив ќе се смета за следните собири.

Подготовките репрезентацијата ќе ги реализира во СЦ „Форца“ во Скопје, а како дел од подготовките ќе одигра и два пријателски натпревари против селекцијата на Косово на 29 и 30 мај.

Македонија настапот во Европската лига 2026 ќе го започне во Порто. На 6 јуни ќе се соочи со Унгарија, а ден подоцна и со домаќинот Португалија. Потоа следува турнирот во Аликанте, каде на 12 јуни ќе игра против Шпанија, додека на 13 јуни ќе се сретне со Азербејџан.

Настапот во ова издание од Европската лига, македонската репрезентација ќе го заврши на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, каде на 19 јуни ќе игра против Хрватска, а на 21 јуни против Словенија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Марко Алексовски вицешампион на јуниорскиот турнир во Атина

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски го објави списокот на фудбалери за квалификациите за ЕП за фудбалери до 19 години

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!