Ракомет

Кукуловски: „Со дисциплина во напад и одбрана – до нова победа!“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

По европскиот предизвик против Целје, ракометарите на ГРК Охрид се насочуваат кон нов натпревар во плеј-офот, овојпат против тимот на Бутел.

Густиот распоред не остава многу простор за одмор, но во таборот на Охрид владее јасна цел – продолжување на победничката серија. Добрата анализа на противникот и стабилната форма се адутите со кои ќе влезат во овој дуел.

Од таборот на Охрид, Дејан Кукуловски го најави мечот и потенцира дека и покрај краткото време за подготовка, тимот добро го познава противникот и со дисциплинирана игра во двата правци може да стигне до нов триумф.

„По натпреварот со Целје, ни следува натпреварот со екипата на Бутел. Немаме многу време за подготовка поради густиот распоред но веќе доволно добро ја познаваме екипата на Бутел и со една дисциплинирана игра како во напад така и во одбрана верувам дека ќе успееме да забележиме уште една победа и да продолжиме кон остварување на нашите цели.“-изјави Кукуловски.

Натпреварот меѓу ГРК Охрид и РК Бутел се игра во вторник (28 април) во СРЦ „Билјанини извори“ со почеток од 18:00 часот, каде охриѓани ќе атакуваат на нови бодови во плеј-офот.

ФОТО: ГРК Охрид

За неколку дена, односно во сабота (02.05), пак, охриѓани го играат реваншот од ЕХФ Европскиот Куп на домашен терен, по кој ќе дознаеме дали ќе се изборат за историско европско финале.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Вардар е во најдобра форма во Првата лига, Шкендија не блеска во последните пет кола!

Трката за врвот во Првата лига се „разгорува“ иако Шкендија е на врвот, има само плус три бода од Струга Трим Лум и...

ФудбалЧетврта лига

Даниел Николов го израдува Лозар, Вардар Бистренци триумфираше над Младост од Корешница

Стартуваше новата сезона во Општинската фудбалска лига во Неготино, со два натпревари, а првата рунда ќе се комплетира во среда со мечот меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

Охрид славеше во дербито против Алкалоид пред домашната публика

Охрид триумфираше во дербито против Алкалоид со 26:24, во меч од 6....

Ракомет

Вардар остана перфектен, Тиквеш славеше во драма, Прилеп го шокираше Бутел!

Три интересни натпревари донесе новото коло во ракометната Суперлига. Вардар 1961 ја...

Ракомет

Драма во Богданци: Младост испушти шест гола предност, Еурофарм Пелистер 2 се спаси со реми!

Вистинска ракометна драма се одигра во спортската сала „Млаз“ во Богданци, каде...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!