Екипата на Бутел направи голем чекор кон елитата, откако со победа од 83:86 на гостувањето кај Соколи 1933 во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, обезбеди пласман во финалето од доигрувањето за влез во Супер лигата.
Во решавачкиот трет натпревар од серијата, кошаркарите на Бутел уште еднаш покажаа карактер и квалитет, славејќи по вторпат во рок од една недела против подобро рангираниот противник. Интересно, во целата серија ниту еден тим не ја искористи предноста на домашниот терен.
Финишот донесе вистинска драма. При резултат 83:84, одговорноста ја презеде младиот Андоновски, кој на неколку секунди пред крајот реализираше за конечни 83:86 и големо славје на гостите. Соколи имаа можност да изборат продолжение, но искусниот Караколев не успеа да погоди во клучниот момент.
Успехот на Бутел добива на тежина ако се знае дека тимот настапи ослабен, без двајца стартери – Киров и Атанасов. Сепак, искусниот Хот блескаше со 27 поени, Јанески додаде 15, капитенот Мартиноски постигна 13, додека херојот Андоновски го заврши мечот со 14 поени.
Кај домашниот состав, Митевски беше најефикасен со 15 поени, додека Караколев и Костадинов запишаа по 14, Хамилтон реализираше 12, а Тодоровски 10 поени.
Во финалната серија, која ќе го даде новиот член на Супер лигата, Бутел ќе се соочи со Струмица 2001, која претходно со 2-0 во серијата го елиминираше Борец баскет.
Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години) оствари одличен резултат на јуниорскиот турнир во Атина за тенисери до 18 години. Алексовски успеа да...
Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир од вториот круг за...
МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со...
Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе голема гостинска победа на ГКК...
Шестото коло од МТЕЛ кошаркарската Суперлига донесе два интересни натпревари со неизвесни...
Вардар и Бадел 1862 продолжуваат со максимален ефект во „Шпаркасе Лајф“ Првата...