Трета лигаФудбал

Хоризонт Турново службено го доби мечот со Брегалница Делчево

Сподели
ФОТО: ФК Дојранско Езеро | АРХИВА
Сподели

Натпреварот од 17. коло на Трета лига – Исток меѓу Хоризонт Турново и Брегалница од Делчево заврши со резултат од 1:1, но сепак турновци овој меч го добија со службени 3:0 и добиваат службени три бодови, а тоа направи промена на табелата.

Како што претходно објави Спортска Мрежа, веднаш по натпреварот Хоризонт Турново најави жалба, која беше поднесена, а во која клубот потенцираше дека Брегалница Делчево направила измена во 9. минута од натпреварот, кога е извршена измена на играчот со број 16 кој е младинец, а во игра влегува играчот со број 42, со што екипата на Брегалница од Делчево ги прекршила правилата и пропозициите за натпреварување каде натпреварот го започнува со тројца младинци, а првото полувреме го завршува со двајца младинци, т.е. во деветтата минута го извадила младинецот, а во игра влегол фудбалер кој не е младинец.

Жалбата на Хоризонт Турново беше прифатена и мечот со Брегалница Делчево е регистриран со службени 3:0, по одлука на Натпреварувачката комисија на ТМФЛ – Исток, со што сега тимот од Турново е на третото место со 31 бод, шест помалку од лидерот Овче Поле, кој е прв со 37 бодови.



  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ТРЕТА ЛИГА – ИСТОК:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ ➖ 15 12 1 2 45 18 +27 37
2 ФК ПОБЕДА Валандово 🔼 13 10 2 1 34 9 +25 32
3 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД ➖ 15 9 4 2 42 22 +20 31
4 ФК УДАРНИК ➖ 13 8 2 3 32 18 +14 26
5 ФК Брегалница 1926 ➖ 14 5 3 6 20 20 0 18
6 ФК ТИВЕРИЈА ➖ 14 5 1 8 31 33 -2 16
7 ФК КАРБИНЦИ ➖ 14 3 5 6 17 21 -4 14
8 ОФК МАЛЕШ ➖ 14 3 3 8 16 35 -19 12
9 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО ➖ 16 1 3 12 16 55 -39 6
10 ФК РУДАР 1947 Пробиштип (-9) ➖ 10 3 2 5 12 14 -2 2
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ (-9) ➖ 10 0 4 6 12 32 -20 -5



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус од Лигата на нации, откако во Луцерн загуби од Швајцарија со...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига, откако на гостувањето кај Вибжеже Гдањск одигра 31-31 во натпревар со...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

ФудбалФутсал

Шампионот со ново засилување: Проект го претстави Александар Черкезов

Македонскиот футсал шампион Проект го промовираше Александар Черкезов како ново засилување за...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски со голема победа: Таџикистан ја совлада Кина

Игор Ангеловски запиша значаен триумф како селектор на Таџикистан, откако неговата репрезентација...

КупФудбал

КУП: Тиквеш со 13 гола го доби третолигашот Крошу Спорт како на тренинг меч

Тиквеш воопшто не се испоти за да се пласира во осминафиналето од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!