Трета лигаФудбал

Еуромилк ГЛ до нов сигурен триумф над Ржаничино, „лисиците“ чекор поблиску до баражот за ВМФЛ

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели



Лидерот во Трета лига – Север, Еуромилк ГЛ забележа уште една победа откако во рамки на денешното вонредно 21. коло славеше над Ржаничино со резултатот од 0:3.

Сите работи беа решени уште во првиот дел кога беа постигнати сите три погодоци. Димитар Стојановски во 11. минута го отвори резултатот, а во 35. минута со втор гол зголеми на 0:2.

Само една минута подоцна Андреј Јаневски погоди и ги постави конечните 0:3, откако во вториот дел мрежите мируваа.

Утре, БВК Коњаре на домашен терен ќе ја пречека Беса Сарај, која игра во победника форма и не знае за пораз.

Аеродром на домашен терен ќе игра против Беса од Слупчане, домаќинот е фавотит за трите бодови.

Куманово како фаворит оди по цел “плен” против Лопати, Башкими Љуботен ќе игра со Пчиња, додека пак Отља ќе игра со Студеничани.

Поранешниот второлигаш Кадино на домашен терен ќе го пречека составот на Фортуна.



Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!