Кошарка

Полуфиналните серии продолжуваат: Бадел и Крива Паланка по израмнување, Баскет Кам и Вардар по финале

Сподели
ФОТО: Кошаркарска федерација на Македонија
Сподели



Возбудувањата во плеј-офот од „Шпаркасе лајф“ Првата женска лига продолжуваат во среда навечер, кога на програмата се реванш натпреварите од полуфиналето.

По првите средби, Баскет Кам и Вардар имаат предност од 1-0 во сериите, откако славеа против Бадел 1862 односно Крива Паланка.

Особено изненадување приреди Вардар, кој направи „брејк“ на гостински терен во Крива Паланка. Сега „вардарки“ ќе имаат можност пред својата публика „Под Кале“ (18:30 часот) да стават печат на пласманот во финалето. Од друга страна, кошаркарките на Крива Паланка се пред императив – мораат да победат за да останат во игра.

Во Скопје, пак, Бадел 1862 ќе се обиде да се врати во серијата против шампионот Баскет Кам. Натпреварот ќе се одигра во салата „Независна Македонија“ со почеток од 19:30 часот.

Сепак, Баскет Кам повторно ќе настапи ослабен. Надвор од составот е Ивана Кметовска, а неизвесен е и настапот на Амал Хафделуи, која не играше ниту на првиот меч. И покрај тоа, шампионот покажа дека има доволно квалитет, особено во завршницата, каде со силна последна четвртина стигна до убедлива победа.



Се очекуваат две неизвесни пресметки кои ќе дадат одговор дали ќе ги добиеме финалистите или полуфиналните серии ќе добијат дополнително продолжение.

Сподели
Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!