Ракомет

Европска вечер во Охрид – билетите веќе во продажба!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Градскиот ракометен клуб Охрид ги информираше своите навивачи дека онлајн продажбата на билети за полуфиналниот натпревар од ЕХФ Европскиот Куп против Целје е веќе започната.

Првиот дуел од полуфиналната пресметка ќе се одигра во Целје, додека реваншот ќе биде на домашен терен, во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Натпреварот во Охрид е закажан за 2 мај 2026 година (сабота), со почеток од 19:00 часот, а интересот за овој европски спектакл веќе е голем.

Билетите се пуштени во онлајн продажба и истите може да се набават преку официјалната платформа: https://mktickets.mk/event/grkoh-3/ .

ФОТО: ГРК Охрид

Од клубот упатија повик до сите љубители на ракометот да бидат дел од атмосферата и да ја поддржат екипата во еден од најважните натпревари во сезоната, со порака – „Бидете 8-ми играч и дел од овој спектакл!“

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!