Останато

Штип УГД во петок може да ја подигне шампионската титула

Сподели
ФОТО: ОК Штип УГД
Сподели



Штип УГД е на чекор до шампионската титула и обединување на круните на домашната машка сцена откако во вториот натпревар од финалето на плејофот, со 0:3 (24:26, 14:25, 23:25) го совлада ГОК Борец на гостувањето во Велес.

Велешкиот состав со поддршката од домашната публика влезе мотивирано во дуелот и со одлична игра на мрежата, пред се во блокот, го диктираше темпото на игра. Фуриозно отворање од 7:1 имаа домашните одбојкари принудувајќи го Кристиан Ристески да бара начин како да ја смири својата екипа. Штип УГД се консолидираше и ја корегираше играта, а тоа им овозможи да се доближат резултатски, 20:17 во финишот на сетот. Второто израмнување (по 1:1) дојде на 21:21, а во играта на нерви гостите ја искористија третата сет топка за 24:26 и водство од 0:1.

Во вториот сет ГОК Борец одново стартуваше со 3:1, но штипјани изедначија на 3:3, а потоа ја превземаа комплетната контрола над случувањата на теренот. Со серија од 1-5 се одлепија на 5:9, а предноста порасна на 8:14, односно 12:20 за рутински Штип УГД да дојде до предност од 0:2.

Последниот сет донесе нови возбудувања. Гостите делуваа сигурно во првиот период од сетот (2:6, 7:13, 10:16), но одбојкарите на ГОК Борец беа трпеливи, направија убава серија 6-1 и изедначија на 19:19. Игра на нерви, на поголема концентрација и секако на тоа кој ќе направи помалку грешки пресуди во финишот на сетот, кој на разлика, 23:25 му припадна на Штип УГД.

Најефикасен играч на мечот беше Махди Задмард со 17 поени, следен од Јуниор со 13 поени, односно Стојан Илиев со девет во тимот на Штип УГД. Во редовите на ГОК Борец, Оливеира постигна 11 поени, додека Бастос и Лепидовски имаа по 10 поени.



Штип УГД запиша две максимални победи во првите два натпревари во серијата „подобар во пет“, а третиот натпревар кога може да ја прослави и шампионската титула се игра во Штип, на 24 април (петок) од 19 часот.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Министерот Борко Ристовски го пречека светскиот карате шампион Марко Џорлев

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска во Министерството за спорт го пречека...

Останато

ФОТО: Подновена маркацијата на патеката Зла Страна – Карбула, планинарите со предупредување за тешкиот терен

Комисијата за планинарски патеки при Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ)...

Останато

Стартуваа и кадетите, одиграни првите турнири

По стартот на натпреварувањето во младинските машки и женски лиги, од викендов...

Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!