Останато

Работнички Скопје и Наковски Волеј во „битка“ за круната кај дамите

Сподели
ФОТО: ОФМ
Сподели



Во сезоната 2025/2026 најквалитетната домашна женска лига ќе добие нов шампион, а во финалната серија за титулата ќе се натпреваруваат Работнички Скопје и Наковски Волеј.

Работнички Скопје прв го потврди своето место во финалето на плејофот, откако со 3:0 (25:16, 25:19, 25:21) го победи Младост УГД пред својата публика во Скопје и во реванш натпреварот и со 2-0 го затвори полуфиналето.

Ланскиот финалист диктираше темпо на овој натпревар и покажа дека во одлична форма влегува во битката за шампионската титула, која ќе се обиде да ја врати во свој посед по пауза од една година, во петтото финале во низа кое ќе го играат.

Андротеа Милевска со 12 поени, Марија Василевска 10 и Тамара Стојанова осум го предводеа тимот.

Одбојкарките на Наковски волеј, пак, го детронизираа Јанта Волеј КВ во полуфиналната серија. По победата од 3:1 во Струмица, одбојкарките на Хари Наковски славеа со 0:3 (19:25, 24:26, 23:25) и на реваншот во Скопје и ќе играат за првата шампионска титула во клупската историја.



Ривалите одиграа тежок натпревар, со голема борба, особено во вториот и третиот сет се играше буквално поен за поен, а гостинките беа порешителни и помирни кога беше најпотребно и дојдоа до победа, а со тоа и до место во финалето.

Финалето на плејофот, односно серијата “подобар во пет” меѓу Наковски Волеј и Работнички Скопје започнува на 27 април во Струмица.

Сподели
Поврзани написи
Останато

ФОТО: Кавадарци добива нов спортски објект во СЦ „Јасмин“, започна изградбата на капиталната инвестиција

Започнаа земјените работи и ископот за темелите на новиот објект кој ќе...

Останато

Две петти места за Македонија на Европското сениорско првенство во таеквондо во Минхен

Македонските репрезентативци Дејан Георгиевски и Милијана Релиќ го освоија петтото место на...

Останато

Александар Љафтов ја заврши сезоната како вицешампион на Унгарија

Македонскиот репрезентативец Александар Љафтов и неговиот тим Елоре ја завршија сезоната 2025/2026...

Останато

Филип Савовски испиша историја: Двојна круна со Панатинаикос во Грција

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски имаше сезона за паметење во дресот на Panathinaikos...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!