КупФудбал

Бењамин Ќерими ќе им суди на Шкендија и Шкендија Арачиново, Доне Ристовски на Охрид и Силекс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели



Утре се играат првите полуфинални натпревари од Купот на Македонија, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите.

Во Тетово ќе се одигра мечот меѓу прволигашот Шкендија и второлигашот Шкендија Арачиново, главен арбитар на овој меч ќе биде Бењамин Ќерими, негови помошници ќе бидат Гоце Петрески и Вјолца Изеири, а пак Марјан Дејаноски ќе биде четврт судија.

Во ВАР собата ќе бидат Влатко Илиоски и Борис Трајков, а оператор за повторување на снимката е Виктор Васев.

Делегат на мечот кој стартува во 14 часот е Зоран Златковски, а контролор е Делчо Јакимовски.

На „Билјанини Извори“ се игра мечот меѓу второлигашот Охрид и прволигашот Силекс, каде правда ќе дели Доне Ристовски, а ќе му помагаат Тоше Ицев и Дарко Јовчевски, додека пак четврт судија е Пларент Салихи.

ВАР судија ќе биде Александар Урошевиќ, а пак АВАР судија е Мартин Дејаноски. Оператор за повторување на снимката е Петар Мукоски.

Делегат на мечот кој ќе стартува во 12 часот е Иван Матевски, а пак Јосип Бартон е контролор.

Реваншите од Купот на Македонија се закажани за 6 мај.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!