Трета лигаФудбал

Беса Сарај има голема победничка серија – триумф над Фортуна, Студеничани слави над Кадино

Сподели
ФОТО: ФК Беса Сарај | АРХИВА
Сподели



Убедлива победа забележа Беса од Слупчане откако со 6:2 го декласираше тимот на Лопати на домашен терен. Во високата победа двоен стрелец беше Ридван Исмаиљи, а по еден гол постигнаа Бајрами, Демири, Фетаи и Јашари, а пак за гостинот стрелци беа Мустафи и Сулејмани.

Пчиња со 5:2 го доби тимот на Отља на домашен терен, преку двата гола на Стојановски и погодокот на Митревски, а пак Абази и Саљији си постигнаа автоголови, за гостинот Куртиши и Нуредини беа стрелци.

Студеничани со 3:1 прослави домашна победа на Кадино, каде Риад Кадри погоди двапати, а еднаш Енис Ибраими, за гостинот Александар Миовски беше единствен стрелец.

Беса од Сарај ја продолжува победничката форма откако со 2:1 славеше над Фортуна. Јусуф Аљиу и Шуајб Алити беа стрелци за домашниот состав, а за гостинот погоди Вулнет Мемети во вториот дел.

Убедлив триумф имаше и Куманово кој со 5:2 го доби Башкими Љуботен. По чистите мрежи во првиот дел, во второто полувреме погодија Даовски, Стојковски, Златковски, Јовановски и Трајковски, за гостинот погодија Суља и Арифи.

Претходно, Еуромилк ГЛ и БВК Коњаре запишаа високи победи, извештајот на Спортска Мрежа од овие мечеви е достапен овде.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

ФудбалФутсал

Проект покажа шампионски карактер преку пресврт славеше над СЕЕ Университи, два гола за Трајче Димитриев

Нов триумф за шампионот Проект кој преку пресврт славеше над повратникот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!