Прволигашот Арсими е последниот патник во четвртфиналето од Купот на Македонија, откако во осминафиналето славеше над второлигашот Брера во Струмица преку пресврт со резултат од 1:3.
На полувреме домашниот тим имаше предност од 1:0 со раниот гол на Матеј Сејменов постигнат во 4. минута за гол предност по првите 45 минути.
Во вториот дел Фатјон Јусуфи најпрво во 51. минута погоди за израмнување, а пак со голот на Арлинд Алити во 63. минута Арсими направи комплетен пресврт.
Конечниот резултат од 1:3 во Струмица го постави Ебрима Гаје во 85. минута.
Пласман во четвртфиналето изборија бранителот на Куп титулата Силекс, Шкендија Арачиново, Скопје, Македонија ЃП, Работнички, Струга и Вардар.