Трета лигаФудбал

ВИДЕО: „Лисиците“ пресилни за Аеродром, лидерот Еуромилк ГЛ се подготвува за Втора лига, три бода и за БВК Коњаре

Сподели
ФОТО: ФК Еуромилк ГЛ
Сподели



Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа откако во меч од 20. коло на Трета лига – Север со високи 3:0 славеше над Аеродром, натпревар кој беше и дерби на колото.

Победникот беше решен во првиот две со двата гола на голгетерот Орхан Мифтар за 2:0 на полувреме. Во вториот дел печат на победата стави Димитар Стојаноски за конечни 3:0.

Веќе „лисиците“ немаат проблем на патот кон шампионскиот пехар, со мислите и подготовките се за второлигашкиот бараж.

Екипата на БВК Коњаре на домашен терен со 4:2 славеше над Ржаничино, во меч каде за домашниот тим хет-трик имаше Бејтула Авдулаи, а еден гол постигна Еркан Шаип, сите во првиот дел.

За гостинот во второто полувреме погодија Мартин Лазев и Халил Калач.

Колото ќе биде комплетира денес со останатите мечеви.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!