Ракомет

Младост перфектен против Текстилец, Мулти Есенс воопшто не се измачи за триумф над Јехона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Без изненадување во 22. коло на Првата ракометна лига, фаворитите одиграа според планот.

Младост од Богданци стигна до својата 19-та сезонска победа откако на домашен терен со 36:19 без проблеми го декласираше Текстилец од Штип.

Од самиот почеток четата на Горан Андоновски даде до знаење дека нема простор ниту за егал на момент, а до големото славје Младост стигна преку Даниел Андоновски и Лазар Адамовиќ кои постигнаа по седум гола.

За тимот од Штип Со по четири гола се издвоија Милислав Петров и Јован Величков.

Драчево Јуниор доби службени бодови од мечот со откажаниот Кичево.

Лидерот Мулти Есенс без проблем го декласираше тимот на Јехона со 44:27. Јулијан Матевски имаше 11 гола за скопскиот тим, а пак за гостинот го Гостивр прво име беше Адис Салиу со седум гола.

Убедлива победа имаше и Овче Поле на домашен терен од 33:25 над Шампион. Прв стрелец кај домашните беше Александар Димитров, а кај гостинот Давид Јовчевски постигна десет гола, но не доволно за поволен резултат.

Вардар Неготино со 35:22 ја декласираше Преспа, а 17 гола постинга Ѓорѓи Орешков, практично сам го реши мечот. За гостинот од Ресен со осум гола прв стрелец беше Христијан Ристевски.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
Ракомет

Озтурк не го заборави Охрид: „Се чувствувам како да сум во својот втор дом!“

ГРК Охрид убедливо го отвори европскиот двомеч со Спор Тото, совладувајќи го...

Ракомет

Радовиш убедлив против Партизан во Гевгелија, десет гола на Васе Петров

Ракометарите на Радовиш забележаа нова победа откако во Гевгелија со 25:30 го...

Ракомет

ФОТО: Охрид со убедлива победа над Спор Тото ја започна одбраната на европската титула

Со убедлива победа Охрид ја започна одбраната на титулата во Европскиот куп...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!