Трета лигаФудбал

Борец го „прегази“ Превалец и го заверува баражот за Втора лига, Питу Гули загуби во Крушево

Сподели
ФОТО: ФК Превалец
Сподели



Некогашниот прволигаш Борец славеше убедлива победа во дербито на 22. коло против Превалец со 0:4 и веќе сите дилеми се решени во Трета лига – Југ.

Многу брзо беше „скршен“ домаќинот откако Стефан Филиповски по само четири минути игра погоди за 0:1, а веќе во 10. минута со голот на Марко Миловановиќ велешани имаа двојна предност со која заминаа и на пауза.

Ниту во вториот дел Превалец не успеа да претвори шанса во гол, а во 65. минута Миловановиќ погоди за три гола предност со него втор гол, а во 82. минута Даниел Иванов ги постави конечните 0:4.

Сега тимот на Борец има плус шест бодови и може да се загрева за баражот за Втора лига.

Башкими од Јаболчиште славеше со 3:1 над Ултрас преку погодоците на Китановски, Арифов и Јахја, а пак за гостинот единствен стрелец беше Ристески.

Тополка освои три бодови на гостувањето во Крушево каде со 1:3 славеше над Питу Гули во меч каде Ангел Гаштев беше двоен стрелец за гостинот, а еден гол постигна Лука Северов, а пак за домаќинот единствен стрелец беше Оливер Велевски.

Трите бодови останаа во Мало Коњари откако Млекар со 3:2 го доби Бучин, каде за домаќинот Трајкоски по четири минути погоди за отварање на резултатот, а погодија и Ачкоски и Нешкоски, а за гостинот Бојан Мицески беше двоен стрелец.

Конечно радост за Росоман кој со 4:5 славеше над Младост во Кривогаштани. Стрелец на сите четири погодоци за Младост беше Жарко Јанчески, за Росоман стрелци беа Кадир Куртишов со три гола и Роналдо Фазлиов со два гола.



Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!