Денес ќе биде отворено 11. коло во Трета лига – Југозапад со натпреварот меѓу Велешта и Кораби, натпревар каде за правдата ќе биде задолжен Горан Балески од Охрид.
Натпреварите ќе стартуваат во 13 часот, вклучително денешниот и останатите кои се играат утре.
Веќе се познати и судиите кои ќе бидат задолжени да ја делат правдата на сите шест натпревари.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 11. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:
Велешта – Кораби, Горан Балески (Охрид)
Славеј – Е. Онлајн, Разме Бакрачески (Струга)
Кравари – Караорман, Александра Митровски (Охрид)
Влазними – Сатеска Волино, Владимир Ѓорѓиевски (Битола)
Света Троица – Преспа, Анѓеле Спироски (Струга)
Светлост – Демир Хисар, Илија Груевски (Битола)