Трета лигаФудбал

Никола Секулоски е гол-машина: Најдобар стрелец во Трета лига – Југозапад со 21 гол, Сатеска Волино сака Втора лига!

Сподели
Сподели

Фудбалерот на Сатеска од Волино, Никола Секулоски е гол-машина во Трета лига – Југозапад, откако во досегашниот тек од сезоната постигна фантастични 21 гол, а повеќе од сигурно е дека 30-годишникот нема да застане на оваа бројка.

Во минатото Секулоски покрај за Сатеска од Волино настапуваше и за Охрид, струшки Караорман, кичевски Напредок и Велешта.

Сатеска е на 3. место на табелата со 23 бодови со само два бода помалку од лидерот Преспа, а еден помалку од Кораби кој е втор и сериозно конкурира за првото место и баражот за Втора лига.

Нападот на Сатеска на 10 одиграни натпревари има реализирано 37 погодоци, со што тој е најефикасниот, а од нив 21 се дело токму на Секулоски.

Со ваква доманинација сигурно е дека Сатеска од Волино сака Втора лига и продолжува да доминира од натпревар во натпревар. Практично овие три екипи ќе ја водат борбата за првото место, бидејќи веќе се одвоија на табелата со посериозна бодовна дистанца.

Во однос на листата на стрелци Никола Секулоски е на врвот од истата со 21 гол, Темур Емини од Кравари и Фатјон Леши од Кораби имаат по девет гола.

По осум погодоци постигнаа Владе Јанакиевски од Евротип и Нико Пластиновски од лидерот Преспа.

По седум погодоци имаат Насер Доко од Влазними, Мартин Кузманов од Евротип, Неџми Реџепи од Преспа и Денис Шадов од Влазними.

Четири фудбалери си постигнале автоголови односно Ермир Нура од Велешта, Валентино Петрески од Демир Хисар, Ристо Целакоски од Славеј од Мешеишта и Никола Шеровски од Светлост.

По завршувањето на есенскиот дел Спортска Мрежа ексклузивно ќе ја објави во целост листата на најдобри стрелци во Трета лига – Југозапад.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

СЕЕ Университи со убедлива победа три гола за Исмет Цека, трите бодови останаа во Кочани

Денес се одиграа уште два натпревари од 14. коло на Втората футсал...

ФудбалФутсал

Форца загуби во Крива Паланка – Станојковски носи победа за Осогово во битката за опстанок

Вечерва екипата на Осогово стигна до многу важна победа која можеби и...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!