Трета лигаФудбал

Шкендија Арачиново како голем фаворит против Њу Старс, супер-дерби на Фортуна и Еуромилк ГЛ!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Овој викенд ќе бидат одиграни натпреварите од 12. коло на Трета лига – Север. В сабота ќе бидат три натпревари на програмата.

Њу Старс на домашен терен ќе има тешка задача против апсолутниот фаворит на Шкендија Арачиново, кој е далеку поискусен против младиот тим на новиот третолигаш.

Академија Илинден на домашен терен ќе бара излез од резултатската криза против ланскиот шампион Куманово и со тоа да дојде до четвртото славје, во однос на Куманово кој пак ќе атакува на петтиот триумф сезонава.

Поранешниот второлигаш Кадино не е во формата и кондицијата од претходните сезони и се наоѓа во долниот дел од табелата, а веќе утре ќе гостува кај Беса Влазрими во меч каде домаќинот ќе биде фаворит за нов триумф, а Кадино ќе мора да бара начин за позитивен исход.

В недела ќе бидат одиграни четири натпревари. Дербито на колото ќе го одиграат Фортуна и некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, ова е дерби на второпласираниот и третопласираниот тим на табелата. Двете екипи сакаат триумф и да се обидат да притискаат за првото место, а реми ќе биде исход кој најмногу ќе му одговара на лидерот Шкендија Арачиново.

Пчињата се разигра и запиша важни три победи со кои прогресира со 11-тото место на табелата, а сега сака позитивен резултат и на гостувањето кај Ржаничино. Ова ќе биде дуел на двата нови третолигаши.

Четвртопласираниот Аеродром на домашен терен ќе игра против петтопласираниот БВК Коњаре, ова ќе биде дуел за трите бодови со кои и двете екипи ќе може да го напаѓаат третото место.

Веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на сите натпревари, а делегирањето кое веќе го објави Спортска Мрежа можете да го прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!