Трета лигаФудбал

Јуниор преку пресврт го доби Липково, Победа од Тромеѓа слави домашна победа

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Победа од Тромеѓа забележа победа во 6. коло на Трета лига регион 2 откако на домашен терен со 2:1 го доби Влазними од Оризари.

Само три минути игра беа потребни домашните да го отворат резултатот за водство од 1:0 на полувреме преку голот на Гоце Насковски.

Во вториот дел дојде погодок за израмнување, истиот беше дело на Един Иљази во 60. минута, а пак во 76. минута Лука Љубевски погоди за 2:1 со што трите бодови останаа дома.

Во меч со пет гола Јуниор во Доброшане пред домашната публика го доби Липково со 3:2, натпревар кој понуди два пресврти.

Виктор Димитриевски во 6. минута го отвори резултатот за водство од 1:0, а до крајот на првиот дел Липково преку Бесар Авдији и Реџеп Шабани направи комплетен пресврт за 1:2 на полувреме.

Во вториот дел Димитриевски со втор гол во 71. минута израмни на 2:2, а победничкиот гол го постигна Христијан Ангеловски во 89. минута за конечни 3:2.

Колото се комплетира денес со останатите средби.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!