Прва лигаФудбал

Силекс сигурен во Кавадарци, без голови во Куманово: Брера и Башкими ремизираа

Сподели
ФОТО: ФК Брера Струмица
Сподели

Екипата на Силекс запиша убедлива победа на гостувањето кај Тиквеш, славејќи со 3-0 во рамки на 26. коло и со тоа дополнително ја зацврсти позицијата во горниот дел од табелата.

Гостите уште од самиот старт наметнаа силно темпо, а водството го отвори Пиреш со глава по корнер во 17. минута, што беше негов десетти гол оваа сезона. До паузата, Силекс ја удвои предноста преку Ади Алиќ, кој реализираше по асистенција од Дарко Додев. Во второто полувреме домаќинот се обиде да се врати во игра, но безуспешно, а точка на триумфот стави Велиновски со одличен удар од дистанца во 85. минута за конечни 0-3.

Со оваа победа, Силекс стигна до 46 бодови и четвртата позиција, додека Тиквеш останува на 37 бодови.

Во Куманово, пак, Башкими и АП Брера одиграа натпревар без голови, иако во второто полувреме имаше неколку добри можности на двете страни.

По мирното прво полувреме, продолжението донесе повеќе динамика. Петејчук се закани со удар од дистанца, додека Куако беше најблиску до погодок, но неговиот шут заврши во пречката. Башкими преку Аворнио имаше неколку изгледни шанси, но реализацијата изостана. Во финишот, Брера се обиде преку Луковиќ по корнер, но голманот Јашар беше сигурен.

На крајот, двата тима ги поделија бодовите во натпревар во кој недостасуваше завршниот удар за победа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!