Трета лигаФудбал

Борец во моќно издание го „распадна“ Ултрас, Венец и Питу Гули до три бодови!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Лидерот Борец стигна до уште една моќна победа откако на домашен терен со 8:0 го декласираше Ултрас во меч од 19. коло на Трета лига – Југ.

Миловановиќ имаше четири гола, а по еден Имеров, Ташески, Мирчески и Стефановски.

Трите бодови останаа во Долни Дисан откако Венец со 6:1 го совлада Млекар. Ристовски и Цветков беа двојни стрелци, а по еднаш погодија Илов и Мицев. За гостинскиот тим Пејоски постигна гол во 79. минута.

Башкими од Јаболчиште со 1:2 славеше гостинска победа на Тополка и тоа преку пресврт. Стојанов во 76. минута погоди за 1:0, а потоа Арифов и Лазами погодија за 1:2.

Питу Гули во Крушево се враќа со три бодови откако во гости го доби Бучин со 1:3. Србиноски беше единствен стрелец за домашниот тим, а за гостинот Бубаќоски погоди двапати, а еднаш погоди Пажиќ.

Превалец со погодоците на Чоков и Спиридонов го доби Росоман во гости со 0:2.

На врвот е Борец со 49 бодови, втор е Превалец со 43 бодови и меч помалку.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје го доби дербито со ТФТ: „Металците“ до трет триумф, гостите за малку до пресврт!

МЗТ Скопје Аеродром продолжува со максимален учинок во новата сезона на МТЕЛ Суперлигата. Актуелниот шампион го совлада ТФТ со 70:66 во дербито од...

ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се засили на голманската позиција со Филип Гигов, кој доаѓа од КМФ...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Прволигашот Кеги Моби се засили меѓу стативите со Филип Гигов

Екипата на Кеги Моби за новата сезона во Првата футсал лига се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!