Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера и Истатов со убедливи Победа, лидерот Скопје со нова висока победа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Фаворитите одиграа според планот, Љуботен убедлив во дербито на 21. коло на Првата женска фудбалска лига.

Тетовскиот тим со 4:1 славеше над Каменица Саса во меч каде Улза Максути постигна хет-трик, а еднаш стрелаше Хава Мустафа, додека пак на „рударките“ погоди Бразилката Тчеури Харуми Гоја, која постигна гол против својот поранешен клуб.

По овој меч Љуботен преку соопштение најави крај на една ера, а ова беше последен меч со интернационалки.

Тиверија Брера сосема очекувано стигна до убедлив триумф над Кочани кој беше инфериорен противник откако струмичанки прокнижија победа со резултат од високи 6:0.

Данче Карпузовска и Розита Пецева беа двојни стрелци, а по еднаш погодија Никица Трендова и Ивана Илиева.

Очекувано и Истатов славеше на домашен терен над „фенерџијата“ Топ Гол, а мечот беше решен уште во првиот дел кога „истатовки“ преку Радица Чонева и Ана Нешковска имаа 2:0 на полувреме.



Во вториот дел од мечот кој се играше во Пржино, Елма Шемсовиќ постигна гол за конечни 3:0.

Лидерот Скопје со убедливи 3:0 го доби мечот со Речица откако за новиот шампион на Македонија стрелаа Кристина Крстева во 8. и 50. минута и Рабија Дервиши во 63. минута.

Во Струга немаше победик откако Ас Јунајтед и Вардар ги поделија бодовите играјќи 1:1. За домашниот тим погоди Јована Павловска во 4. минута, а пак Мила Наумовска во 79. минута ги постави конечните 1:1.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Скопје домаќин на Европското сениорско првенство во кик бокс, Македонија со 33 натпреварувачи ќе атакува на медал

Во Скопје вчера во попладневните часови свечено беше отворено Европското сениорско првенство во кикбокс.  Натпреварите се одржуваат во спортскиот центар „Јане Сандански“, а...

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!