Ракомет

„Да останеме сплотени и заедно да успееме“ – Ојлески со порака пред реваншот со Олимпијакос

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е на чекор до историски пласман во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп, но пред „гладијаторите“ е уште една тешка задача – реваншот против Олимпијакос, во кој ќе треба да ја потврдат предноста од првиот натпревар.

Капитенот Гоце Ојлески потенцира дека тимот одиграл тежок натпревар во Атина и дека, и покрај предноста, реваншот нема да биде нималку лесен. Тој предупредува дека Олимпијакос е искусен и квалитетен противник кој сигурно ќе се обиде да направи промени во играта и да изненади.

„Одигравме тежок меч во Атина, но имаме и неколку повредени играчи. Натпреварот во сабота нема да биде лесен. Олимијакос е искусна и квалитетна екипа, со квалитетни играчи, кои сигурно ќе пробаат да променат од првиот меч нешто во играта, да не изненадат и не се откажани од пласманот понатаму.“

Ојлески упатува и повик до публиката да ја исполни салата и да создаде вистинска атмосфера, нагласувајќи дека единството и поддршката ќе бидат клучни за остварување на целта.

„Ги повикувам сите љубители на ракометот, да дојдат и да ни дадат поддршка, тоа да биде прав спектакл и се надевам ќе го оствариме тоа што ни е зацртано. Мора да останеме сплотени и заедно да оствариме успех за нашиот клуб“- вели Ојлески.

ФОТО: ГРК Охрид

Со предност од пет гола, но и со свесност за предизвикот што следи, Охрид ќе мора да одигра уште еден зрел натпревар. Поддршката од трибините и заедништвото може да бидат пресудни во битката за историски успех.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

Втор евро-пораз за МЗТ Скопје, Тарту го освои Аеродром со тројка во самиот финиш!

МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и вториот пораз во првата фаза од ФИБА Еврокупот. Македонскиот шампион пред домашната публика во СЦ „Јане Сандански“...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Билјана Панеска е лидер на листата на стрелци во Првата женска лига, Галабовска и Максути веднаш зад неа!

По осум одиграни кола во Првата женска фудбалска лига, пресек на листата на најдобри стрелци. Билјана Панеска од екипата на Тиверија Брера е...

Поврзани написи
Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга...

Ракомет

Ќосевски пред Мулти Есенс: „Нè очекува млада и борбена екипа, но нашата цел е јасна“

По значајната победа во дербито со Алкалоид на домашен терен, ракометарите на...

Ракомет

Ексклузивно за Спортска Мрежа: Моралес пред реваншот со Вардар: „Мораме да се бориме за секоја топка!“

Екипата на Висла Плоцк ја очекува реваншот со Вардар во четвртото коло...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!