Ракомет

„Ништо не е готово“ – Ројевиќ предупредува пред историскиот реванш со Олимпијакос

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид е на чекор до најголемиот успех во клупската историја на европската сцена, откако со победата од 31-26 во Атина направи огромен исчекор кон полуфиналето во ЕХФ Европскиот куп. Сепак, пред „гладијаторите“ е најважниот предизвик – реваншот во „Билјанини извори“, каде ќе треба да ја потврдат предноста против Олимпијакос.

Тренерот Борис Ројевиќ предупредува дека предноста од пет гола не смее да создаде лажно чувство на сигурност, посочувајќи дека ваквата разлика во ракометот може брзо да се анулира. Како пример ја наведува ситуацијата од минатата сезона, кога Олимпијакос успеал да надомести негатива во сличен двомеч.

„Ништо не е готово, гледам дека во јавноста се смета дека се е готово, но пет голови се стигнуваат многу лесно и брзо. Морам да дадам пример од минатата сезона, кога Олимпијакос победи кај Турда со пет гола на гости, дома загуби четири. Ова е опасен резултат…“

Ројевиќ дополнително укажува на проблемите со повреди и замор во тимот, нагласувајќи дека краткиот ростер и згуснатиот распоред влијаат на подготовките. Сепак, верува дека клучот ќе биде во енергијата на теренот и поддршката од трибините.

„…бидејќи ние имаме и четворица повредени ракометари, нашите тренинзи не се како минатата недела, па ќе ни треба голема поддршка, не само од Охрид, туку и од цела Македонија за да се пласираме во полуфиналето. Немаме за жал преширок ростер, десетина ракометари го изнесуваат товарот и се гледа замор кај нив, па невозможно беше во шест дена да одиграме три меча со цела сила и две патувања во Атина и Скопје и затоа не игравме вчера со полн состав. Се надевам дека здравствениот билтен ќе биде добар утре и дека ќе можеме комплетни да играме против Олимпијакос. Тие сигурно ќе пробаат да сменат нешто во својата игра, но сметам дека клучно за пласманот понатаму ќе биде кој ќе има подобра енергија во овој меч. Се надевам дека полната сала ќе им даде ветар во грб на моите играчи“, изјави Ројевиќ на денешниот прес за новинари.

ФОТО: ГРК Охрид

Охрид ја има предноста, но и сериозен предизвик пред себе. Во натпревар во кој ќе решаваат детали, енергија и поддршка од трибините, „гладијаторите“ ќе се обидат да ја довршат работата и да испишат нова страница во клупската историја.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

Ракомет

Ракометен празник во Богданци: Легендарната „Млаз“ ќе ги пречека младите ракометни надежи на турнирот У13 – Исток!

Богданци повторно ќе биде во центарот на ракометните случувања, овојпат со најмладите...

Ракомет

Општина Конче испишува нова спортска приказна: Младите ракометари на РК Феникс ја бодреа Македонија од трибините!

Руралната општина Конче продолжува со поддршката и развојот на спортот, а благодарение...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!