Трета лигаФудбал

Тетекс е на врвот во Трета лига – Запад, „штофарите“ со Влазерими водат борба за бараж за Втора лига!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Ланскиот второлигаш Тетекс по 11 одиграни кола е на врвот од табелата во Третата фудбалска лига – Запад, „штофарите“ сакаат експресно враќање во Втората лига, откако лани испаднаа од истата.

Лидерот од Тетово во третолигашкиот регион на Западот има 28 бодови собрани преку девет победи и едно реми, со најефикасен напад од постигнати 31 гол и најдобра одбрана со шест погодоци.

На второто место е ланскиот шампион во овој регион, екипата на Влазерими која две сезони по ред не ги поминува баражите за Втора лига има 25 бодови или три помалку од „штофарите“ со скор од осум победи, едно реми и еден пораз, со втор најефикасен напад од 28 бодови, колку што и има и нападот на Џепчиште, ланскиот вицешампион кој сега е трет со 21 бод, а пак Влазерими има исто така најдобра одбрана како на Тетекс со шест примени погодоци.

    • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ТРЕТА ЛИГА – ЗАПАД:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ТЕТЕКС 1953 10 9 1 0 31 6 +25 28
2 ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 10 8 1 1 28 6 +22 25
3 ФК ФЦ ЏЕПЧИШТИ 1996 10 7 0 3 28 15 +13 21
4 ФК ВЕЛАЗЕРИМИ с.Слатино 11 5 2 4 19 21 -2 17
5 ФК ДРИТА 94 10 5 1 4 18 14 +4 16
6 ФК ДОБРОШТИ 10 5 1 4 27 26 +1 16
7 ФК ВАРДАР 2022 с.Брвеница 11 4 1 6 15 26 -11 13
8 ФК ЉУБОТЕН 10 3 1 6 16 21 -5 10
9 ФК ЗАЈАЗИ 10 3 1 6 21 29 -8 10
10 ФК НАПРЕДОК АД 9 3 1 5 14 23 -9 10
11 ФК КАМЈАНИ 10 3 0 7 23 33 -10 9
12 ФК РЕНОВА АД 10 2 2 6 16 27 -11 8
13 ФК РЕЧИЦА 9 2 0 7 9 18 -9 6

Ако се погледне табелата ќе се воочи пресок на екипите кои веќе се одвоија и всушност за првото место и баражот за Втора лига, но во секој случај ќе гледаме можеби и најнеизвесна борба за првото место од сите третолигашки регион.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Ракомет

,,Можеби нашата најдобра партија сезонава“ – Ројевиќ по триумфот над Пелистер!

Охрид продолжува да се наметнува на домашната сцена со своите импресивни настапи. Во 17. коло од македонската Супер лига, тимот на Охрид, вечерва...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!