ФудбалФутсал

Шкупи го „здроби“ и го почасти со 10 гола Кеги Моби, шампионот Форца со нова победа, Црна Река до прво славје!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Огромен дебакл и тежок пораз на Кеги Моби, откако во рамки на 6. коло среде Велес беше „прегазен“ од фаворитот Шкупи со огромни 2:10.

Тотална доминација на гостинскиот тим, кој како на тренинг натпревар лесно дојде до својата цел – триумф и нови три бодови на своето конто.

Победата беше најавена во првиот дел од мечот кога резултатот на полувреме во Велес беше 0:4. Во однос на листата на стрелци за велешкиот тим стрелаа Адил Адиловиќ и Виктор Стојковски во второто полувреме, додека пак за Шкупи хет-трик постигна Еркан Сефери, двојни стрелци беа Сали Салиевски и Иљбер Алили, по еден гол постигнаа Бејтула Јакупи, Шефки Бериша и Љавдрим Фајзлију.

Проект дојде до нов, висок и убедлив триумф над Железарец во Скопје со резултат од 1:5, во меч каде победникот беше решен во првиот дел од мечот, кога резултатот на семафорот гласеше 0:4.

Мартин Стојановски беше единствениот стрелец за домашниот тим, кој погоди во 40. минута, додека пак за гостинот од Валандово стрелци во првито дел беа Андреј Јаневски, Кристијан Гавровски, Никола Анчевски и Николче Стојановски, во второто полувреме гол постигна Марио Благојевски.

Висока победа беше забележа и во Крива Паланка каде домаќинот Осогово со 5:2 го декласираше тимот на Клими од Кавадарци. Лесна и висока победа за домаќинот, кој стигна до својата трета сезонска победа.

Мартин Тодоровски и Давид Ристовски постигнаа по еден гол за победничкио тим, а пак двоен стрелец беше Кристијан Станојковски. Автогол си постигна Мартин Никовиќ, кој воедно и постигна гол за Клими заедно со Петар Левков.

Шампионот Форца го продолжува победничкиот ритам и нижи победа кон одбрана на титулата во Првата футсал лига на Македонија. Шампионот со 7:4 го доби тимот на Бутел.

Таулант Исмаили беше двоен стрелец за домашниот тим, а во листата на стрелци на овој меч за Форца со по еден гол се запишаа Зоран Левески, интернационалецот од Колумбија Кристиан Алберто Беррио Хојос, Астрит Шерифи, Берат Марадани и Јасир Секири. За гостинскиот тим во првиот двел два гола постигна Филип Јаневски, а во вториот дел двапати погоди Давид Манџуковски.

Црна Река се израдува на првиот сезонски триумф откако славеше над Јувентус Серава на гостински терен со резултат од 4:9, а голема заслуга за овој триумф има Александар Коцев, младиот струмичанец кој се приклучи на екипата од Кавадарци.

Првиот дел помина во знакот на големата неизвесност, откако на полувреме резултатот беше 2:3 за гостинот.

Омер Османи постигна хет-трик за домашнио тим, а пак еден гол во вториот дел даде Амет Бајрам. Кај тимот на Црна Река хет-трик постигна токму Александар Коцев, а три гола имаше и Петар Ристовски, додека пак по еден гол постигнаа Наум Блажевски, Лазар Мицев и Филип Лазаров.

Нема промени во горниот дел од табелата Форца е на врвот со шест од шест и максимално 18 бодови, а пак на второто место е Проект со 16 бодови, додека пак Шкупи е трет со 15 бодови. Во однос на дното од табелата сега таму е Кеги Моби како последнопласиран со само еден бод на своето конто, Бутел е претпоследен со два бодови и овие две екипи се во зоната за директно испаѓање во Втората футсал лига.

Во следните денови ќе направиме анализа на Првата футсал лига, преглед на табелата и преглед на листата на најдобри стрелци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

ФОТО: Врхника го прегази Макаби Нетанја во вториот дел, шампионот на Словенија убедлив против шампионот на Израел

Шампионот на Словенија, Врхника со победа од 8:1 над Макаби Нетанја, кој е шампион на Израел ја отвори групата А во претквалификациите за...

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата...

Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница....

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!