Трета лигаФудбал

Реакција од Мешеишта за судиската арбитража: На кого му пречи ФК Славеј?

Сподели
ФОТО: ФК Славеј Мешеишта
Сподели

Третолигашот Славеј од Мешеишта вечерва реагираше со соопштение за судиската арбитража од денешниот меч од 10. коло во Трета лига – Југозапад, кој го загуби со 2:0 од ланскиот второлигаш Караорман од Струга, за што објави Спортска Мрежа.

Клубот од Мешеишта реагира за судиската арбитража, во самото сооштение се вели дека ФК Славеј бил оштетен од судиската тројка, а преку самото соопштение клубот прашува на кого му смета ФК Славеј?

  • ЦЕЛОСНО СООПШТЕНИЕ НА ФК СЛАВЕЈ – МЕШЕИШТА:
„На кого му пречи ФК Славеј ? На денешниот натпревар од третата лига Југозапад против ФК Караорман, ФК Славеј – Мешеишта уште еднаш беше видно оштетен од судиската тројка. Главниот судија Владимир Ѓоргиевски, заедно со помошниците Маријан Василевски и никој друг освен Горан Танчевски уште еднаш во центарот на вниманието, одиграа одлучувачка улога за исходот на натпреварот. Уште од првиот свиреж беше јасно кој тим доминира и создава прилики. Сепак, не требаше долго за да интервенираат судиите. Во рок од 10 минути, чистиот црвен картон на играчот на Караорман остана неказнет, ​​бидејќи судијата тврдеше дека е „прерано“ во натпреварот. Сепак, само 15 минути подоцна, во сличен инцидент, нашиот играч Димитар Аќимовиќ доби директен црвен картон – одлука што неволно ја прифаќаме, иако не можеме да ги игнорираме двојните стандарди во игра. Дури и со десетмина, ФК Славеј ја контролираше играта и создаваше шанси. Но, очигледно тоа не беше доволно за да ги задоволи судиите. Во 70. минута, судијата Ѓоргиевски досуди комичен пенал против нас, наместо очигледен прекршок во напад. Кој има право вака да манипулира со судбината на ФК Славеј? И зошто Горан Танчевски, познато лице во нашите судски кошмари, постојано се доделува на нашите натпревари? Како тоа да не беше доволно, Љупчо Мојсоски по некоја чудна „случајност“ се назначи за контролор на овој натпревар. Бараме правичност и транспарентност – ништо повеќе, ништо помалку“, се вели во соопштението на ФК Славеј од Мешеишта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата во дербито со Работнички, возбудливо коло во кошаркарската Суперлига

Десеттото коло во македонската кошаркарска Суперлига понуди различни сценарија – од еднострано градско дерби во Скопје, до драматични завршници и високи резултати на...

Турнири

Реми со десет гола на „Стојаково 2025“, победа за Пролетер, убедливи победи кај јуниорите

Вечерва се одиграат четири натпревари на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ каде одново публиката следеше вистински голеади на сите натпревари. Вечерва стандардно...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

По шест месеци Беласица и Анатолиј Петејчук се разделија

Второлигашот Беласица и Анатолиј Петејчук по шест месеци се разделија. Струмичани започнуваат...

ФудбалФутсал

Што се случува со прволигашот Шкупи – тимот не допатува во Кавадарци за мечот со Клими?

Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи...

ИнтернационалциФудбал

Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата порази на клупата на Етникос Акна

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по...

Младински фудбалФудбал

Македонија ЃП водечка по првиот дел од сезоната во Пионерската Супер лига

Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!