Трета лигаФудбал

Сатеска слави над Кравари, лидерот Преспа со нова победа, нема голови во Демир Хисар!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес беа одиграни натпреварите од 10. коло на Трета лига – Југозапад, а во рамки на истото не се одигра натпреварот во Дебар меѓу Кораби и Светлост, откако екипата на Светлост не допатува во Дебар и со тоа службено го губи натпреварот, истиот е регистриран со службени 3:0 за Кораби, со што поранешниот второлигаш и лански шампион во Трета лига – Југозапад добива службени три бодови.

Натпреварот меѓу Демир Хисар и Света Троица од Охрид заврши без погодоци и поделба на бодовите (0:0).

Лидерот Преса на домашен терен со 2:0 славеше триумф над Влазними од Струга. Во првиот дел Неџми Реџепи постигна гол за 1:0, а во вториот дел искусниот Нико Пластиновски постигна гол за конечни 2:0.

Сатеска во Волино со 2:1 славеше над тимот на Кравари, во меч каде трите голови паднаа во вториот дел од мечот. Лука Богданоски стрелаше за 1:0, додека пак искусниот голгетер Никола Секулоски погоди за двојна предност. Во финишот на мечот Иванчо Јовановски постигна гол за конечни 2:1.

Караорман во вториот дел го доби натпреварот со Славеј од Мешеишта со резултат од 2:0, откако Игор Клечкароски погоди од белата точка и 19-годишниот Христијан Спироски, кој имаше одличен натпревар беа стрелци за победа на ланскиот второлигаш од Струга.

Натпреварот меѓу Евротип и Велешта не го дочека својот крај, откако натпреварот во 21. минута беше прекинат поради недоволен број на играчи на гостинската екипа, пропишани согласно правилата на фудбалската игра и притоа натпреварот е прекинат.

По само десет минути игра Евротип имаше водство од 4:0 со погодоците на Мартин Кузманов, Владе Јанакиевски, Димитар Николоски и Христијан Петрески.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марија Златевска шампионка на државното првенство за ветеранки, ТК Тумба со две одличја

Одличен настап за ТК Тумба од Куманово на државното првенство за ветеранки над 30 години, каде што Марија Златевска стигна до шампионската титула....

Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи. Клубот информираше дека двете страни постигнале меѓусебен договор за прекин...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани се раздели со тренерот Бурхан Емурлаи, кариерата ја продолжува во Азербејџан

Дебитантот во Втората македонска фудбалска лига, Камјани, се раздели со тренерот Бурхан...

Прва лигаФудбал

Ристовски: Почнува целосна реконструкција на фудбалскиот терен на ФК Башкими во Куманово

Министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со заменичката Сафије Садики Шаини, претставници...

Трета лигаФудбал

Радовишанецот Минур Асанов ја засили Брегалница од Делчево

Некогашниот прволигаш Брегалница од Делчево за новата сезона во Трета лига регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!