Турнири

Започнаа пријавите за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид!

Сподели
Сподели

Стартуваат пријавите за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

По две успешни изданија на овој голем фудбалски спектакл во Охрид, следува трето издание кое ќе се одржи во период од 13. јуни до 16. јуни 2025 година.

Според пропозициите на „Некст Левел 2025“ може да пријавите екипа во генерации 2012/2013 каде се игра во формат 8+1 на терен 55х40 метри, во генерации 2014/2015 каде се игра во формат 7+1 на терен 45х30 метри и во генерации 2016/2017 во формат 6+1 на на терен со димензии 45х25 метри.

Ќе се игра едно полувреме од 30 минути, со тоа што на 15 минути ќе има тајм-аут.

„Некст Левел 2025“ ќе прима екипи покрај од Македонија и од Косово, Хрватска, Албанија, Бугарија, Србија и Црна Гора.

Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, а во следниот прериод преку емисии и разговори ќе го најавуваме овој голем фудбалски настан кој ќе се одржува трета година по ред, дополнително ќе најавуваме и други изненадувања поврзани со „Некст Левел 2025“.

Екипа може да пријавите на +389 72 264 509 – Марино, како и на marino.markoski@gmail.com

Ве очекуваме и се гледаме на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Спортска Мрежа и на првите две изданија во 2023 и 2024 година беше медиумски покровител на овој спортски настан, а оваа година како медиумски покровител воведуваме многу новитети, наскоро повеќе детали.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Турнири

Чукарички пристигнува во Македонија: белградскиот клуб дел од Интернационал Мастерс Куп 2026

Југоисточна Македонија во месец мај ќе биде во знакот на младинскиот фудбал,...

Турнири

Зошто „Охрид Куп 2026“ е вистинскиот избор за вашата екипа?

Во време кога младинскиот фудбал сè повеќе се сведува на резултати и...

Турнири

„Стоби Куп 2026“ – нов детски турнир што ветува фудбалска магија и идни таленти

Општина Градско во соработка со ГФК Неготино најавува организација на нов детски...

Турнири

(ВИДЕО) „Охрид Куп 2026“: Турнир каде секое дете е победник, медал за секој учесник!

Младинскиот фудбалски турнир „Охрид Куп 2026“, кој ќе се одржи од 18...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!