Македонскиот репрезентативец- Давид Савревски е дел од амбициозниот проект на ГРК Охрид, каде и покрај младоста, остава сериозен впечаток со своите блескави настапи.
Десниот бек, висок 195 сантиметри и на само 23 години, во Охрид пристигна по три сезони минати во РК Алкалоид, со настапи и на европска сцена, додека претходно беше дел и од РК Вардар 1961.
Савревски стави потпис со „гладијаторите“ на најмалку две години, а со своите партии веќе најавува дека ќе биде значаен адут во тимот предводен од стратегот Борис Ројевиќ.
Во пресрет на важниот натпревар против Олимпијакос во недела, во нашиот фокус денес е еден од најинтересните млади ракометари во редовите на ГРК Охрид.

Освен за формата и очекувањата од дуелот, Савревски овојпат открива и поинаква страна од себе – низ забавно интервју ни раскажува за атмосферата во тимот, животот во Охрид и интересни детали од секојдневието, далеку од теренот.
- Како ти се допаѓа животот во Охрид досега? Колку брзо се вклопи во новата средина?
Прекрасно е. Не ми требаше многу време да се прилагодам. 😊
- Што најмногу ти се допадна тука – Езерото, мирот или атмосферата во градот? 🌊
Езерото. 😌
- Како ти поминува слободното време?
Кафе, сони, спиење.
- Со кого најчесто се дружиш од тимот? 👬
Сите се дружиме.

- Зошто баш ракомет? Ако не беше ракометар – што ќе беше?
Искрено.. не знам. 🤔
- Кој најмногу те насочи кон ракометот? 🤾♂️
Па, започнав со другарите во основно и така продолжив.
- Кога сфати дека ова ќе биде твојот пат? 🏅
Со текот на времето сфатив дека тоа ќе биде моја професија.
- Кој ти е идол во ракометот?
Па..немам идол.
- Твоите соиграчи од ГРК Охрид ми кажаа дека си најгласен во соблекувална пред натпревар – ќе го потврдиш ли тоа? 😂
Можеби. 🤣
- Со кого најчесто си цимер на гостувања?
Со Бојан Блажески 🧤
- До кого седиш во автобус? 🚎😄
Обично седам сам.
- Имаш ли ритуал пред натпревар? 🍀
Не, ништо посебно- сабајле кафе, ручек и одмор. ☕🥘😌
- Кој од соиграчите најдобро те разбира на терен?
Љапис 🇬🇷😄👍
- Кој има најсилен шут , после тебе? 🎯😄
Петриќ или Борозан 🔥

- Кој ти е најсличен по карактер од тимот на Охрид?
Бојан Блажески 😄
- Што најмногу сакаш да јадеш после меч? 😄
Тост 😊
- Кој во тимот е најгладен веднаш по меч? 😄🍔
Реј 🇪🇸😄
- Дали имате некој „тимски ритуал“ за прослава или опуштање после важна победа? 💪🏆
Не.
- Како изгледа денот пред важен меч – одмор или концентрација на мечот?
Па.. и одмор, но и концентрација 🎯
- Кој ти е омилен дел од тренингот?
Топка пластика 😄
- А кој дел баш и не го сакаш, ама мора да се одработи? 😂
Трчањето 🏃♂️🙄
- Повеќе адреналин од натпревар или мирен ден без обврски? 🔥
Повеќе адреналин од натпревар 💪
- Кафе покрај Езеро или прошетка покрај Езеро? ☕🚶♂️
Кафе покрај езеро 😊
- Кој најмногу те смее во тимот? 😄
Реј 🤣
- Гол за победа или асистенција за победа? 🤾♂️
Гол за победа 🏆✌

- Натпревар со многу голови или „машка“ одбрана?
Машка одбрана 🔥
- Полнa сала ,, Билјанини Извори’’ на дерби или гостинска победа во пеколна атмосфера? 🧱
Полна сала Билјанини Извори дерби 🔵⚪
- Да бидеш херој на мечот или „тивок“ MVP? 🏅
Тивок МВП
- Од голманите во Охрид– на кого најмногу сакаш да шутираш на тренинг- Пилиповиќ, Ѓорѓески или Блажески? 🥅🧤
Пилиповиќ 😄
- Кој од нив најмногу ти ги ,,чита’’ ударите на тренинг? 👀
Бојан Блажески 🥅😄
- Дали ова ќе ти биде најдобрата сезона досега? 🔥
Да!💪
- Дали имаш најдраг натпревар за репрезентација, кој ќе го паметиш секогаш? 🇲🇰
Сега засега не.

- Со кој од репрезентативците си најблизок и приватно?
Со Марко Стојковиќ.
- Кој е најгласен пред натпревар таму – имаш ли конкуренција за таа титула? 😂😊
Има, има 🤣
- Со кој од нив најдобро се разбираш на терен?
Па..сите добро се разбираме..доста сме играле заедно.
- Што очекуваш од првиот меч со Олимпијакос? 🇲🇰🤾♂️🇬🇷
Победа 💪
- Што ќе пресуди во овој двомеч- одбраната, нападот или навивачите како ,,осми играч’’? 📣💪
Одбраната 🧱
- Повеќе ќе значи домашниот или гостинскиот натпревар?
Домашниот, дефинитивно.
- Кој ќе го постигне првиот гол за Охрид на реваншот? 🤾♂️
Гоце Ојлески 🎯
- Колку гола „си зацрта“ на двомечот? 😊💪
Паа, што знам..можеби 7?! 🤣
- Порака до навивачите? 🔥⚪🔵
Дојдете во сала и поддржете нè на патот кон полуфиналето! 💪🔥🍀
Со насмевка, самодоверба и јасна цел – Давид Савревски најавува дека ГРК Охрид нема да застане тука. Гласен во соблекувална, прецизен на терен – Савревски најавува борба без калкулации.
Против Олимпијакос, вели, целта е јасна – чекор поблиску до полуфинале за Охрид. Предизвикот против Олимпијакос е следниот тест, а охридската публика ќе биде нивниот најсилен ветер во грб на реваншот следниот викенд.
