Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Сподели
ФОТО: Општина Кичево
Сподели

Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за својот голем спортски успех, откако градоначалникот д-р Александар Јовановски организираше средба со талентираниот спортист и му додели плакета.

Иако има само 9 години, Михаил веќе го носи епитетот шампион во кик бокс. Тој потекнува од Кичево и настапува за клубот „TITAN PRO“ Скопје, каде што ги прави своите први, но многу успешни чекори во овој спорт.

На Националното кик бокс првенство, кое се одржа на 1 март 2026 година во СРЦ „Јане Сандански“ во Скопје, младиот борец освои златен медал, покажувајќи голема борбеност, дисциплина и талент.

 

ФОТО: Општина Кичево

Бошковски триумфираше во категоријата до 33 килограми (деца), во дисциплината Кик лајт, а борбата ја заврши со убедливо водство, со што уште еднаш го потврди својот потенцијал.

Од Општина Кичево истакнаа дека се горди на младите спортисти кои со својата посветеност и љубов кон спортот претставуваат вистински пример за младите генерации, а на Михаил му посакаа уште многу успеси, медали и победи во иднина.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Останато

Љафтов вицешампион, Ѓоргиев, Николов и Јосифов во битка за титули

Македонските одбојкарски интернационалци продолжуваат со одлични настапи ширум Европа, бележејќи значајни резултати...

Останато

Општина Струга со силна поддршка за спортот: Градоначалникот Менди Ќура оствари средба со претставници на Џудо клубот Дрим

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со претставници на Џудо...

Останато

Ланските финалисти ќе се соочат во полуфиналето, Наковски Волеј против Младост УГД во Купот

Бранителот на титулата Наковски Волеј ќе се соочи со Младост УГД во...

Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!