Останато

Спортски дух и силна конкуренција на Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ

Сподели
Сподели

Во саботата, на 14 март, се одржа Државното првенство во Tрадиционално Таеквон-До ИТФ, организирано од Македонската традиционална таеквондо федерација. Настанот собра голем број натпреварувачи од повеќе клубови од целата држава, кои имаа можност да ги покажат своите знаења, вештини и натпреварувачки дух.

На натпреварот учествуваа 88 натпреварувачи, кои се натпреваруваа во две дисциплини – форми и борби. Натпреварувачите доаѓаа од различни клубови: „Мастер“ – Охрид, „Ге Бек“ – Ресен, „Ахилиус“ – Скопје, „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, „Сонкал“ Мислешево – Струга и „Чонџи“ Косел – Охрид.

Според освоените медали, најдобар клуб на првенството беше Таеквон-До клубот „ХВА Ранг ИТФ“ Лескоец – Охрид, со освоени 21 златен, 16 сребрени и 18 бронзени медали, како и 6 пехари за најдобри поединци.

На второто место се најде Таеквон-До ИТФ клубот „Сонкал“ Мислешево – Струга, со освоени 6 златни, 4 сребрени и 4 бронзени медали, како и два пехари за најдобри поединци.

Третото место му припадна на Таеквон-До клубот „Мастер“ Охрид, со освоени 2 златни, 3 сребрени и 6 бронзени медали, како и еден пехар за најдобар поединец.



На четвртото место се пласира Таеквон-До клубот „Ге Бек“ Ресен, со освоени 1 златен, 3 сребрени и 10 бронзени медали.

На петтото место се најде Таеквон-До ИТФ клубот „Чонџи“ Косел – Охрид, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени медали.

Шестото место му припадна на Таеквон-До клубот „Ахилиус“ Скопје, со освоени 1 златен, 2 сребрени и 2 бронзени медали.

За најдобри поединци во своите старосни категории, кои покрај медали се закитија и со пехари, беа прогласени:

  • најдобро девојче 8–9 години – Дариа Митреска, со освоени 2 златни медали
    најдобро дете 8–9 години – Јаков Гагалески, со освоени 2 златни медали
    најдобра кадетка 10–11 години – Емилија Трајчевска, со освоени 2 златни медали
    најдобар кадет 10–11 години – Теодор Ѓорески, со освоени 2 златни медали
    најдобра кадетка 12–13 години – Христина Стојкоска, со освоени 1 златен, 1 сребрен и 1 бронзен медал
    најдобар кадет 12–14 години – Даријан Китаноски, со освоени 1 златен и 1 сребрен медал
    најдобра јуниорка 14–16 години – Миа Танеска, со освоени 2 златни, 1 сребрен и 1 бронзен медал
    најдобар јуниор 14–16 години – Михаил Крстаноски, со освоени 2 златни и 1 сребрен медал
    најдобра младинка 16–21 година – Анастасија Чулческа и Теодора Тодороска, со освоени по 1 златен и по 2 сребрени медали
    најдобар младинец 16–21 година – Давид Крстески и Владимир Димитриевиќ, со освоени по 1 златен и по 1 сребрен медал

Настанот помина во одлична атмосфера, со голема поддршка од тренерите, клубовите и љубителите на традиционалното таеквон-до. Државното првенство претставува значаен настан за развојот на таеквон-до спортот во Македонија и важна можност за младите спортисти да стекнат натпреварувачко искуство.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!