КупФудбал

Денес се играат осминафиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВA
Сподели

Денес се играат Куп натпреварите во женска конкуренција од осминафиналето. Како што веќе информираше Спортска Мрежа прволигашот Атлетико во Битола ќе се соочи со есенскиот шампион во Втората лига, екипата на Кочани.

Прволигашот Ас Јунајтед како голем фаворит во Струга ќе го пречека второлигашот Победа Валандово, Истатов ќе игра против второлигашот Плачковица од Радовиш.

Каменица Саса против Речица во прволигашки дуел каде Саса е голем фаворит, Скопје против Топ Гол, лидерот во Првата лига Тиверија Брера ќе игра против второлигашот Билјанини Извори, Љуботен како апсолутен фаворит ќе игра против второлигашот Порече од Македонски Брод, а пак второлигаши дуел ќе играат Вардар и Борец.

Интересно е тоа што практично во дуелите меѓу прволигаши и второлигаши, сите второлигаши се паднаа да гостуваат кај прволигашките екипи.

Во однос за делегираните судии кои ќе ја делат правдата и за саатнината кога стартуваат истите, можете да прочитате овде.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ракометарките на Ѓорче Петров со максимален ефект, Чаир и Металург Автокоманда израмнети, во плеј-аутот Деспина има два од два!

По осум одиграни кола во плеј-офот на ракометната Суперлига во женска конкуренција, шампионот Ѓорче Петрови има осум од осум и максимални бодови на...

Ракомет

Уште едно коло од регуларниот дел во ракометната Суперлига, потоа започнува плеј-офот и плеј-аутот

Останува уште едно коло за комплетирање на регуларниот дел на ракометната Суперлига, по што ќе започне плеј-оф сегментот каде ќе се води борба...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!