Втора лигаФудбал

Борец е во опасната зона – потребен ќе биде ремонт во тимот, велешани пред сериозен тест за опстанок во Втората лига!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

По 12 одиграни кола во Втората македонска фудбалска лига, Борец, поранешен прволигаш, ја завршува првата половина од сезоната со разочарувачки резултати. Тимот, кој во изминатите години се борел за повисок пласман, се наоѓа на претпоследното место на табелата, со само 5 освоени бодови од 12 одиграни натпревари. Ситуацијата е алармантна, со оглед на тоа што Борец има само една победа, две ремија и девет порази.

Во досегашниот дел од сезоната, Борец не успеа да се наметне како конкурентен тим во Втората лига. Од 12 одиграни натпревари, тимот има само една победа (на домашен терен против Вардарски со 3:1), додека два пати извојува реми (против Скопје и Детонит Плачковица), а девет пати беше поразен. Од тие порази, некои се значајно убедливи, како што се загубените натпревари против Брегалница (4:0) и Победа (5:0), кои ја нагласуваат слабата одбрана и проблемите со постигнување голови.

Една од најголемите слабости на тимот е лошата реализација. Борец постигна само 6 голови во овие 12 натпревари, што е најмал број во лигата, додека примени 23, што укажува на големи проблеми во одбраната. Само еден тим, Вардарски, има поголем број на постигнати голови, вкупно осум.

Во текот на сезоната, Борец загуби не само од лидерите во лигата, туку и од тимови кои Борец мора да го добие бидејќи се сметаат за конкуренти барем за средината и за директен и сигурен опстанок многу порано, како што се Новаци, Каменица Сасa, Победа, Вардар Неготино и Осогово дополнително го засилуваат чувството на разочарување, бидејќи овие се тимови кои, во теорија, Борец треба да ги победи за да остане конкурентен.

Поради слабата форма, Борец не успеа да го искористи домашниот терен за да ги освои посакуваните бодови. Од седум одиграни натпревари на домашен терен, тимот има само една победа, два ремија и четири порази, што е показател за незадоволителен учинок. Статистички победата против Вардарски изгледа како единствениот светол момент во оваа сезона за велешани.

Борец ќе мора да работи и на подобрување на реализацијата, малкуте шанси кои што ќе се создаваат ќе мора да се реализираа бидејќи противникот секогаш тоа умешно го казнува за што зборува најмалиот број на постигнати погодоци, а големиот број на примени погодоци.

Борец мора да најде начин да ја подигне својата игра, особено во одбраната и нападот. Тимот треба да ги елиминира честите грешки и да биде поефикасен во претварањето на создадените шанси во голови. За тоа да се постигне, имаше тренерски промени, доаѓањето на Даниел Стојановски и неговиот краток престој во Велес значеше пет бодови на контото на Борец, но промени треба да има и во играчкиот кадар, тоа е повеќе од јасно. Дефинитивно во зимскиот преоден рок ќе има голем ремонт во тимот на Велес. Одбраната ќе мора да биде поцврста, а напаѓачката линија треба да покаже повеќе решителност и креативност.

Соглед на тоа што Борец се наоѓа на претпоследната позиција, тимот мора да биде свесен дека ќе се соочи со тежок период ако не успее да ја поправи својата форма. Победата против Вардарски е, засега, единствената светла точка во оваа сезона. Од важно значење ќе биде како тимот ќе реагира во следните натпревари, особено во пресметките против конкуренти за опстанок како Осогово, Вардар Неготино, Вардарски, Победа…

Во втората половина на сезоната, Борец треба да направи значителни подобрувања ако сака да се издигне од претпоследното место  и да ја избегне опасноста од испаѓање. Статистиките и актуелните резултати јасно покажуваат дека тимот мора да се фокусира на поконцентрирана одбрана и поефикасен напад. За тоа да се случи, потребни се брзи и решителни акции од страна на раководството и стручниот штаб на клубот.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 12 9 2 1 21 5 +16 29
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 12 8 3 1 19 9 +10 27
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 12 8 2 2 20 8 +12 26
4 ФК АРЕСИМИ-1973 12 7 2 3 21 13 +8 23
5 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 12 6 3 3 16 11 +5 21
6 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 12 4 6 2 16 12 +4 18
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 12 4 6 2 14 11 +3 18
8 ФК КАМЕНИЦА САСА 12 5 3 4 18 15 +3 18
9 ФК БЕЛАСИЦА АД 12 3 7 2 14 13 +1 16
10 ЗФК НОВАЦИ 2005 12 4 2 6 12 13 -1 14
11 ФК СКОПЈЕ АД 12 2 7 3 11 13 -2 13
12 ФК ПОБЕДА АД 12 4 1 7 20 23 -3 13
13 ГФК ВАРДАР Неготино 12 3 2 7 14 18 -4 11
14 ГФК ОСОГОВО 12 2 2 8 12 24 -12 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 12 1 2 9 6 23 -17 5
16 ФК ВАРДАРСКИ 12 0 2 10 8 31 -23 2

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!